Македонија

Муцунски во Обединетите Арапски Емирати, нови инвестиции и заеднички проекти, кои ќе ја зајакнат економската поврзаност меѓу двете земји

Потврдени одлични заемни односи меѓу Република Македонија и Обединетите Арапски Емирати и истакнат растечкиот потенцијал за продлабочување на соработката.

Во рамки на посетата на Обединетите Арапски Емирати министерот за надворешни работи и надворешна трговија на Македонија Тимчо Муцунски денеска оствари средба со министерот за надворешни работи Тани бин Ахмед Ал Зејуди. Двајцата соговорници ги потврдија одличните заемни односи и го истакнаа растечкиот потенцијал за продлабочување на соработката. Посебна нагласка беше ставена на економијата, трговијата и инвестициите како приоритетни области за идна соработка.

Министрите ја потврдија подготвеноста на двете држави да ја засилат соработката во области од заемен интерес, вклучувајќи инфраструктура, енергетика, туризам и технологија – сектори во кои Обединетите Арапски Емирати се препознаваат како глобален предводник во иновациите.

Тие се согласија дека денешната средба ја отвора вратата за нови инвестиции и заеднички проекти, кои значително ќе ја зајакнат економската поврзаност меѓу двете земји, соопшти Министерството за надворешни работи и надворешна трговија на Република Македонија.

Најнови вести од: Македонија

Заев и Филипче да кажат дали бил договорен процент од продажбата на станбените единици на Дака во Тетово?

Тој истакна дека 200 милиони евра ќе заработел Дака, благодарение на промената на детално урбанистичкиот план во Тетово кој СДС и ДУИ го носат ден по формирање на владата во 2020 година

To top