Македонија

Муртезани нов амбасадор на Македонија во НАТО, Ефремов во Бугарија

Владата утврди девет имиња за нови шефови на дипломатските претставништва

instagram.com/orhanmurtezani/

Орхан Муртезани, поранешен министер за европски прашања во актуелната македонска Влада, а потоа советник на премиерот, ќе биде нов амбасадор на Македонија во НАТО, како едно од деветте кадровски решенија за дипломатско-конзуларните претставништва дефинирани на денешната владина седница.

На местото на Агнеса Руси Поповска во Софија заминува Крум Ефремов, директор за економска и јавна дипломатија во Министерството за надвофрешни работи, а на местото на Андреј Жерновски во Букурешт доаѓа Габриел Атанасов.

Нов амбасадор во Обединетото Кралство, ќе биде Илина Мангова, која доаѓа од невладиниот сектор и била дел од раководството на Меѓународниот републикански институт (ИРИ).

Линда Салиеска Иљазоска од кабинетот на шефот на дипломатијата Тимчо Муцунски е кандидатка за амбасадорка во Хаг.

Од претходно е познато дека Веле Трпевски ќе биде амбасадор во Тирана, Андријана Цветковиќ во Токио, Димитар Блажевски во Киев и Фадил Зендели во Копенхаген.

Најнови вести од: Македонија

Мицкоски: Ако не се свртиме кон семејните вредности и многудетните семејства економијата ќе биде на удар

Ако не се свртиме кон семејните вредности и кон многудетните семејства и ако тие вредности не ги промовираме, македонската економија ќе биде прва која што ќе биде на удар, истакна денеска премиерот Христијан Мицкоски, коментирајќи ја изјавата на вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски дека до 2030 година годишно ни се потребни 50.000 странски работници, за да го држиме нивото на БДП што го имаме сега.

ОКТА продолжува со попуст од два денари по литар дизел гориво

Како одговор на најновите случувања на меѓународните пазари на горива, ОКТА АД – Скопје воведува привремен попуст од 2 денари по литар дизел гориво, со важност од денеска, 20 октомври 2026, до 2 ноември 2026 г.

(Фото): Работна средба за инфраструктурните приоритети на Карпош

Градоначалникот на Општина Карпош, Сотир Лукровски, се сретна со ресорниот министер за транспорт, Александар Николоски, каде беа разгледани тековните инфраструктурни проекти и можностите за нови инвестиции во интерес на граѓаните.

To top