Македонија

Муртезани: Предвремени парламентарни избори нема да има, владата функционира стабилно – Беким Сали вицепремиер наместо Изет Меџити

„Предвремените избори би ја успориле реализацијата на клучните владини проекти, чии резултати се очекуваат во 2026 година. Ако одиме на избори, ќе изгубиме цела година. Засега нема никаква потреба од тоа.“ – нагласи Орхан Муртезани, министерот за европски прашања и потпретседател на Алтернатива, која е дел од Вреди, во интервјуто за емисијата „360 степени“ на Првата програма на Македонската радиотелевизија.

Предвремени парламентарни избори нема да има. Владата функционира стабилно и нема никаква потреба за ново политичко надмудрување. Беким Сали ќе биде прв вицепремиер.“ – посочи Орхан Муртезани, нагласувајќи дека владејачкото мнозинство од 76 пратеници е цврсто и оти е осуден на неуспех секој обид за дестабилизација.

Во врска со најавите за можна реконструкција на владата до крајот на годината Муртезани потврди дека ќе има промени, ако станат градоначалници дел од сегашните министри. „Не е сигурно дали ќе биде реконструкција во вистинска смисла, но одредени промени ќе има. Ќе треба нов министер за животна средина и нов министер за демографија, труд и млади – изјави тој. 

Муртезани потврди дека прв вицепремиер ќе биде Беким Сали, сегашен пратеник и поранешен министер за здравство, кој ќе ги преземе надлежностите на Изет Меџити. Муртезани остро го критикуваше говорот на ДУИ. Ја обвини партијата на Али Ахмети за потпалување националистички страсти со цел да се покрие, како што вели, „неспособноста и корупцијата“.

Орхан Муртезани дека нема да го спуштат нивото, иако можеби имаат и морално право пожестоко да одговараат на прозивките и навредите на лидерот на ДУИ Али Ахмети. Но, вели Муртезани, тоа зборува за тоа кој каков човек е, какви вредности има, колку е демократ и врз основа на тие работи, станува јасно за каков профил на луѓе станува збор. 

Ова намерно се лансира од страна на ДУИ, но тој дискурс веќе неколку пати беше неуспешен. Велеа дека нема да направиме влада, направивме. Потоа дека нема да траеме ни 100 дена, поминаа. Сега зборуваат дека ќе ја соборат владата, но ние продолжуваме да победуваме и да владееме – изјави Муртезани.

ДУИ 22 години не успеа да направи ниту канализација во своето село. Кога немаат резултати, од конкретни проекти преминуваат во навреди и подгревање на страстите. Ние нема да го спуштиме своето ниво, дури и кога имаме морално право пожестоко да одговориме.“ – истакна Муртезани.

Тој додаде дека ВРЕДИ ќе продолжи со позитивна и развојна кампања, насочена на проекти, буџети и конкретни решенија. На прашањето дали поддршката на ВМРО-ДПМНЕ им помага, или им одмага на кандидатите на Вреди, Муртезани нагласи дека таква соработка имало и во минатото, кога ДУИ била дел од владата со Никола Груевски, а потоа и со СДСМ.

„Ние не правиме ништо, што не е видено досега. Овој начин на соработка е дел од политичката традиција во Македонија.“ – порача министерот Орхан Муртезани.

Најнови вести од: Македонија

„Србите се обидоа да го отрујат албанскиот амбасадор во Скопје, во израелската амбасада!“ – „бомба“ на Карамучо, за кого РМ е „картон-држава“, што „паѓа за 24 часа без Албанците“!

„БОМБА на Карамучо: Србите сакаа да го отрујат нашиот амбасадор во Скопје, внатре во израелската амбасада!“ – оваа вест вечерва, на 9 април 2026 година веднаш ја пренесоа  информативната агенција на Илирија-ИНА и голем број други медиуми на албански јазик во Македонија. Станува збор за изјава на д-р Артан Карамучо, професор по криминологија во Правниот факултет на државниот Универзитет во Тирана. Не е именуван дипломатот, за кого се изнесени овие свои бомбастични и сѐ уште непотврдени сознанија, но останува да се претпоставува: дали се работи за Денион Мејдани, моментниот албански амбасадор во Скопје? До овој момент нема прецизирање кога се случил наводниот „обид за труење“ на албанскиот амбасадор во Скопје. Карамучо, пак, завчера, на 8 април, за „Еуроњуз“ даде уште една, своја овојпат скандалозна изјава за Република Македонија, нарекувајќи ја како „држава од картон“, со тврдење дека „ќе падне за 24 часа без Албанците“!

Николоски: Македонија да ѝ се приклучи на иницијативата „Три мориња“ заради геостратешкиот интерес

Јасни се новите геополитички текови во светот и треба да бидеме паметни, нашата дипломатија да ја фати иницијативата „Три мориња” на нејзиниот зародок како геостратешки интерес на државата, истакна вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски на панел-дискусијата „Транспортни коридори – геостратешки предуслов за економски просперитет и безбедносна архитектура во Југоисточна Европа – иницијатива 3 мориња”, што се одржа во Стопанската комора

Најнови вести

To top