Македонија

Муртезани во Данска на евроминистерски состанок за значењето на Копенхагенските критериуми како основа на проширување

На состанокот во главниот град на Данска ќе се расправа и за концептот на постепена интеграција како механизам за одржување на европската перспектива и за зајакнување на довербата во пристапувањето.

Министерот за европски прашања на Република Македонија Орхан Муртезани присуствува од денес на дводневниот неформален состанок на министрите за европски прашања, што се одржува во Копенхаген, во рамките на данското претседавање со Советот на Европската Унија.

На состанокот министрите на земјите членки на ЕУ заедно со нивните колеги од Западниот Балкан, Украина, Молдавија и Турција, ќе разменат мислења за значењето на Копенхагенските критериуми како основа на проширување и за концептот на постепена интеграција како механизам за одржување на европската перспектива и за зајакнување на довербата во пристапувањето.

Најнови вести од: Македонија

Почнува судењето за Стојанче Јовановски

Обвинет е за три кривични дела – Телесна повреда,  односно телесни повреди сторени како продолжено дело на семејно насилство, Загрозување на сигурноста, како и кривично дело Наведување на самоубиство и помагање во самоубиство.

To top