Македонија

Муцунски го пречека претседателот на Швајцарија, Пармелан  

Како што информирата од Кабинетот на претседателката, следи тет-а-тет средба на претседателите, а потоа и пленарен состанок на македонската и швајцарската делегација

Претседателот на Швајцарската Конфедерација, Ги Пармелан пристигна во Скопје. Тој на аеродромот беше пречекан од министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски.

„Добредојде за претседателот на Швајцарската Конфедерација, Ги Пармелан, во Скопје. Утрово, со највисоки воени и државни почести, го пречекав претседателот Пармелан, кој заедно со неговата сопруга престојува во официјална посета на земјава, на покана на претседателката Гордана Сиљановска-Давкова“,  напиша министерот Муцунски на Фејсбук.

Посетата, како што посочува Муцунски, претставува потврда за одличните билатерални односи и можност за нивно натамошно продлабочување, со посебен акцент на политичката и економската соработка.

По пречекот, како што информирата од Кабинетот на претседателката, следи тет-а-тет средба на претседателите, а потоа и пленарен состанок на македонската и швајцарската делегација.

По пленарниот состанок Сиљановска-Давкова и Пармелан ќе одржат заедничка прес-конференција.

Во рамки на посетата швајцарскиот претседателот ќе положи венец на гробот на Гоце Делчев во црквата „Св. Спас“ во Скопје.

Ги Пармелан ќе оствари средба и со претседателот на Собранието, Африм Гаши.

 

Најнови вести од: Македонија

Дали сведочењето на Али Ахмети послужило како основа за подигнување на обвинението против раководството на ОВК од страна на Специјалниот суд во Хаг?

ДУИ се обидува да извлече евтини политички поени од хашките пресуди за Хашим Тачи, Кадри Весели, Јакуп Красниќи и Реџеп Селими

210 „чинии љубов“ подготвени за кучињата во и околу прифатилиштето на ЈП „Лајка“

Под мотото „Збор на денот: заедница“, на 26 септември во дворот на ЈП „Лајка“ се одржа првиот настан „Чинија љубов“, кој обедини граѓани околу една заедничка цел – подготовка на готвени оброци за бездомните кучиња

ВМРО-ДПМНЕ: На Венко сите му се виновни, но не и тој самиот

Поранешни функционери на СДС одамна јавно апелираат дека Венко треба да се повлече од тронот во СДС, но очигледно тој во неверување дека некогашната голема СДС е спадната на ова ниво, и од толкава жед за власт се уште верува дека има некаков легитимитет да биде дел од политичката сцена

To top