Македонија

Муцунски: Во најава имаме договор за стратешко партнерство со Хрватска

Партнерството ќе опфати економија, трговија, безбедност, енергетика и поддршка во евроинтегративниот процес, објави шефот на македонската дипломатија

 

Ддоговор со Хрватска, сличен на договорите за стратешко партнерство со Обединетото Кралство и Унгарија, најави министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, во гостувањето во „Само интервју“ на Канал 5.

„Во најава имаме договор за стратешко партнерство со Хрватска. Тоа го најавивме и двајцата на заедничката прес-конференција“ рече Муцунски во контекст на посетата на хрватскиот министер за надворешни и европски работи Гордан Грлиќ Радман на Македонија.

Разговараме за билатерален договор меѓу двете држави, кој е сличен на договорите што ги имаме со Унгарија и со Обединетото Кралство – истакна министерот Муцунски.

Шефот на македонската дипломатија информира дека во моментот се водат разговори за финализирање на процесот на создавање стратешко партнерство меѓу двете држави, кое ќе опфати повеќе области, меѓу кои економијата, трговијата, безбедноста и енергетиката. Тој ја посочи Хрватска како „ментор во евроинтегративниот процес“ на државата нагласувајќи ги политичката поддршка и техничката помош.

Во однос на стратешкото партнерство со Обединетото Кралство, министерот посочи дека, во согласност со информациите од надлежните институции, активно се работи на реализација на проектот за брзата пруга, како и на проекти поврзани со системот на јавното здравство.

Осврнувајќи се на договорот со Унгарија, Муцунски нагласи дека преку ова стратешко партнерство се реализираат повеќе проекти, особено во инфраструктурата, при што договорот претставува значајна алатка и во насока на подобрување на јавниот транспорт.

Најнови вести од: Македонија

Ученици од Крива Паланка освоија високи награди на Државниот натпревар по пијано и хармоника

На 64-тиот Државен натпревар на ученици во основното музичко образование, што се одржа на 6 и 7 април 2026 година во Скопје, учениците од основното општинско училиште „Св.Јоаким Крчовски” постигнаа високи и резултати во двете дисциплини: пијано и хармоника

ТАВ Македонија дванаесетта година по ред донира пакети со храна и хигиенски средства на семејства во социјален ризик од Општина Илинден

Во  пресрет на христијанскиот празник Велигден, компанијата донира пакети со храна и хигиенски средства за 37 семејства од оваа општина, кои живеат во социјален ризик

(Фото): Избрани Ана Митреска и Игор Величковски за вицегувернери на Народна банка

Со изборот на новите вицегувернери се обезбедува непрекинатост во спроведувањето стабилна и кредибилна монетарна политика заради одржување на ценовната стабилност и за поддршка на економскиот развој.

To top