Македонија

Муцунски: Времето ќе покаже кој ја кажува вистината

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, ги отфрли критиките дека Владата не спроведува европски реформи, оценувајќи дека напредокот не се мери со субјективни изјави, туку со мерливи факти и резултати.

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, ги отфрли критиките дека Владата не спроведува европски реформи, оценувајќи дека напредокот не се мери со субјективни изјави, туку со мерливи факти и резултати.

Реагирајќи на изјавите на европратеникот Томас Вајц дека во последната година во Македонија не се гледа никаков напредок, Муцунски истакна дека земјата во изминатиот период добила 75 милиони евра од фондот на Планот за раст на ЕУ.

„Ако не сме спроведувале реформи, немало да ги добиеме тие средства. Три држави од регионот – Србија, Босна и Херцеговина и Косово – не добиле ниту еден цент од Планот за раст, бидејќи не спроведувале реформи“, рече Муцунски во интервју за ТВ Сител.

Тој изрази очекување дека во новиот извештаен период, кој треба да биде објавен во наредните денови, Македонија ќе добие висока оценка за спроведените реформи и уште една транша од околу 70 милиони евра.

„Времето ќе покаже кој ја кажувал вистината“, додаде Муцунски.

Спорно е времето на објавување на интервјуто

Европратеникот Томас Вајц, пак, на ТВ Канал 5 изјави дека е изненаден од моментот на објавување на неговото интервју за „Еуроњуз Бугарија“. Интервјуто било дадено на 10 март во Стразбур, а објавено дури на 26 април – повеќе од седум недели подоцна.

„Мислам дека не е многу професионално. Бев малку изненаден што е објавено пред неколку дена. Но, за жал, изгледа дека има некаква агенда зад тоа“, оцени Вајц.

Вајц: Македонија бележи напредок, интервјуто за бугарска ТВ е старо

Најнови вести од: Македонија

Млади луѓе со години чекаат трансплантација на срце

Дарко и Васко бараат шанса за живот, која може да се роди во најтешкиот момент за едно семејство – со одлуката да донира органи и да спаси други животи. За десетиците пациенти кои чекаат трансплантација, органодарителството е единствената надеж.

Почина 72-годишен скопјанец од западнонилска треска в болница

Седумдесет и двегодишен скопјанец почина по компликации од западнонилска треска, соопшти денеска директорот на Инфективната клиника во Скопје, Фадил Цана. Пациентот бил со тешка клиничка слика на менингоенцефалитис, а уште при приемот во болница бил во тешка општа состојба.

(Видео): Со синовите бевме на научнообразовна екскурзија во Белгија, рече премиерот за еднонеделното патување

„Јас не сум љубител на големи годишни одмори со солена вода, со песочни плажи итн. и си рековме – екскурзијата да ја прошириме и тоа да биде научнообразовна екскурзија во Белгија“, изјави премиерот Христијан Мицкоски.

Пронајдени вооружени луѓе во строго-заштитено подрачје на Пелистер

Ренџерската служба на Националниот парк „Пелистер“, во соработка со СВР Битола, спровела повеќечасовна акција за пронаоѓање лица вооружени со огнено оружје, кои навлегле длабоко во територијата на паркот.

To top