Македонија

Според бугарски европратеник, ветото за Македонија во ЕУ не било од Бугарија, ами од Мицкоски?!

Кристијан Вигенин, европратеник од Бугарската социјалистичка партија (БСП), го посочи македонскиот премиер Христијан Мицкоски како причина за блокираната евроинтеграција на Македонија. „Ветото за членството на Република Северна Македонија во Европската унија (ЕУ) е на премиерот Христијан Мицкоски и неговата влада, а не на некој друг во моментов“, изјави Вигенин за Бугарската телеграфска агенција (БТА) во […]

Кристијан Вигенин, европратеник од Бугарската социјалистичка партија (БСП), го посочи македонскиот премиер Христијан Мицкоски како причина за блокираната евроинтеграција на Македонија.

„Ветото за членството на Република Северна Македонија во Европската унија (ЕУ) е на премиерот Христијан Мицкоски и неговата влада, а не на некој друг во моментов“, изјави Вигенин за Бугарската телеграфска агенција (БТА) во кулоарите на Европскиот парламент во Стразбур.

Поранешниот министер за надворешни работи на Бугарија изрази мислење дека Мицкоски „не сака искрено Македонија да биде дел од ЕУ“.

„Мицкоски е горд наследник на претходниот премиер од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, кој ја користеше истата тактика – да обвини некој друг за земјата да не може цврсто да тргне по патот на европската интеграција“, истакна Вигенин, додавајќи дека вакви интерпретации постојано се прават во Македонија, но Бугарија не става вето.

Аргумент за тоа, според Вигенин, е дека ветото е отфрлено во 2022 година, кога Бугарија дала зелено светло за преговори со Скопје.

„Она што треба да го направат за да го продолжат процесот, што би можело да се случи многу брзо, е да ги вклучат Бугарите не само во преамбулата, туку и во другите членови од Уставот како еден од народите во Северна Македонија“, објасни бугарскиот европратеник.

Најнови вести од: Македонија

Говеда, џукели, глупи сте, ништо не знаете – со овие зборови им се обраќала претседателката на кумановскиот суд на вработените

Дури 75 од 90 вработени ја потпишале претставката против Снежана Манев, УПОЗ дава рок од осум дена, а потоа најавува протести и штрајк. Манев ги отфрла обвинувањата.

Хуманитарната трка „Трчаме со срце“ – 290 тркачи, едно срце и една повисока цел

Градскиот парк во Скопје на 19 септември пулсираше во ритамот на хуманоста, дружењето и спортскиот дух. На јубилејната СОС Хуманитарна трка powered by IT4Charity, 290 тркачи застанаа на стартната линија со една заедничка цел – да трчаат со срце и да дадат свој придонес за децата и младите на кои им е потребна поддршка.

To top