Македонија

МВР ги бара ,,Балистите” што вчера бараа Голема Албанија

Албанските политички лидери остро го осудија навивањето во Куманово но не смеат да ги критикуваат навивачите на Шкендија

Од обвинителството и МВР денеска информираат дека се прегледуваат снимките од вчерашниот натпревар од лигата на шампионите во фудбал на кој играат Шкендија од Тетово и Карабах од  Азербејџан.

 

Надлежни обвинители и припадници на МВР врз основа на снимениот и документиран материјал презеле мерки и веќе постапуваат.

 

Од трибините на националната арена „Тодор Проески“ синоќа ечеа националистички пароли со големоалбанските аспирации, при што се слушаше извици:

„Илирида“, Голема Албанија“, „Чемерија“…

 

 

Навивачите скандираа за „Илирида“ – односно замислена република која има територијални претензии кон половина Македонија, но и за делот од Грција кој го нарекуваат Чемерија, како и за Косово.

 

Ваквите „пораки“ одекнуваа додека на трибините беа повеќе албански политички лидери кои остро го осудија навивањето во Куманово но не смеат да ги критикуваат навивачите на Шкендија.

Најнови вести од: Македонија

Утре е Велика Сабота – ако го испочитувате овој обичај, сè ќе тргне на подобро

Кога е во прашање овој ден, многу православни верници се во недоумица дали се пости или не. Иако саботата важи за ден кога по правило не се пости строго (туку на масло), свештениците велат дека на Велика сабота треба да се пости исто како и на Велики петок (на вода). На Велика сабота не е добро да се оди во лов и риболов, а се забранува и колење на стока и живина.

To top