Македонија

МВР го уапси лицето што синоќа удри во контејнери и возило во Аеродром

Министерство за внатрешни работи

Дваесет и двегодишниот М.А.А од Турција со привремен престој во Скопје е лицето кое синоќа во скопската Општина Аеродром, во близина на кулите „Џеваир“, удри во контејнери и возило, соопшти Министерството за внатрешни работи.

Оттаму велат дека откако тој со своето возило марка „бе-ем-ве“ удрил во контејнерите и возило „алфа ромео“ со демиркаписки регистарски таблички го напуштил местото на настанот, но набрзо потоа бил фатен од страна на полициски службеници.

„Против него е поднесена прекршочна пријава по член 33 ( недозволена брзина), член 215 (напуштање на местото на настанот) и член 228 (возење под дејство на алкохол – 0,97 промили) од Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата и тој е изнесен пред судија за прекршоци“, велат од МВР.

Најнови вести од: Македонија

УЈП: Сивата економија ќе се сузбива преку засилена фискализација

Управата за јавни приходи (УЈП) започнува засилени контроли и мерки против даночните обврзници кои вршат деловна дејност и остваруваат промет со готовински плаќања, а притоа немаат регистрирано фискален систем на опрема.

Мицкоски: Реконструкцијата на охридскиот аеродром е историски настан за регионот

Премиерот Христијан Мицкоски денеска присуствуваше на почетокот на реконструкцијата, надградбата и проширувањето на охридскиот аеродром „Св. Апостол Павле“, оценувајќи го настанот како историски за Охрид, охридското крајбрежје и околните општини.

Охридскиот аеродром добива 4.500 м² нов простор – Николоски најави поголем капацитет за патници

Денеска започна реконструкција, надградба и проширување на охридскиот аеродром „Св. Апостол Павле“ – првото големо интервенирање на објектот од неговата изградба.

To top