Македонија

МВР им влезе во трага на крадците на транформатори од Железници

Веднаш по кражбата во електровлечната подстаница Драчево, на 26 јули, полицијата ја почнала истрагата, а откриените траги се дадени на вештачење

Најдени траги што зад себе ги оставиле „арамииите“ кои ги украдоа трансформаторите од инфраструктурата на Македонски железници, и направија штета „тешка“ 5 милиони евра. Веднаш по кражбата во електровлечната подстаница Драчево, на 26 јули, полицијата ја почнала истрагата, а откриените траги се дадени на вештачење.

„Во врска со тешката кражба на трансформатори во инфраструктура Македонски железници, Одделението за криминалистички работи Аеродром и Драчево при СВР Скопје презема низа дејствија за расчистување на кривичното дело и утврдување на други околности поврзани со истото, при што извршен е увид на лице место и подигнати се траги кои се дадени на натамошно вештачење“ велат од МВР за Алфа.
При кражбата, сторителите насилно превртеле два големи електроенергетски трансформатори, секој тежок повеќе од 30 тони. Од нив било испуштено и истурено трансформаторското масло, а бакарните намотки и останатите вредни компоненти биле отстранети и украдени.

Од подстаницата биле одземени и бакарни жици, бакарни шини и прачки, како и речиси сите уреди и елементи неопходни за нејзиното функционирање.

Сето ова да се направи за една ноќ е невозможно доколку не биле инволвирани високостурчни луѓе. Вакви сомнежи има вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски, кој алудира на тоа дека со толку висок напон на електрична енергија не може да управува човек кој нема такви познавања.

Кражбата на железничката во Драчево не можела да се направи без „Инсајдери“, вели Николоски

„Тоа е нешто што може да го направат само високостручни луѓе. Со висок напон на електрична енергија не може да се справи обичен човек ниту, пак, таа механизација што е употребена таму не може да се најде каде било… Тоа е сработено во една ноќ, буквално и очигледно од високопрофесионални крадци. Јас сум убеден, но секако јас не ја водам истрагата, туку МВР, но јас сум убеден дека без луѓе од ЕВН и без внатрешни луѓе од ‘Железница’ ова не може да се направи и веројатно тоа истрагата ќе го потврди, но оставам на МВР да ги процесира оние коишто го направиле ова“, кажа Николоски во гостување на национална телевизија.
Со кражбата, како што соопшти Министерството за транспорт, предизвикано е целосно уништување на значаен дел од електроенергетската опрема на железничката инфраструктура и оти објектот е нефункционален. Сепак, ова не го попречи функционирањето на железничкиот патнички и товарен сообраќај, а според вицепремиерот недлежните имаат и бег ап решение за градскиот воз. Во меѓувреме е донесена одлука за набавка на два нови трансформатори.

Најнови вести од: Македонија

Дезинформациите ја загрозуваат иднината на македонското рударство

Геологот Ѓорѓи Димов, кој е и декан на Факултетот за природни и технички науки во Штип, изјави дека рударството и геологијата имаат огромно значење за економскиот развој на нашата држава, но и за нејзината иднина.

Андоновска: Во ИЈЗ се почитува Законот за јазици! – ДУИ не може да прифати дека нема повеќе „како до сега”!

Директорката на Институтот за јавно здравје, Марија Андоновска, реагира на обвинувањата од ДУИ дека во институцијата не се почитува Законот за употреба на јазиците.

(Фото): Центар трча: Успешно заврши првата ноќна трка низ Дебар Маало

Убава вест за сите со спортски дух. Со музика, навивање и одлична енергија, во саботата се одржа првото издание на CENTAR NIGHT RUN. Дебар Маало и улиците на Центар беа исполнети со тркачи и публика, кои создадоа нова спортска приказна во градот.

ЗНАМ: Во моментов не постои уставна и законска основа да се полага правосудниот испит на албански јазик

„ЗНАМ ја разбира нервозата и хистеријата кај одредени претставници на моноетнички политички партии предизвикани од јасниот и принципиелен став на ЗНАМ дека правосудниот испит треба да се полага на македонски јазик, во согласност со Уставот и законите на државата.“ – соопшти денес Движењето ЗНАМ.

To top