Македонија

МВР руши рекорди, напишани 2415 сообраќајни прекршоци за 4 дена

Само за четири дена (17–20 ноември 2025) македонската полиција уапси седум безобзирни возачи и напиша рекордни 2.415 сообраќајни прекршоци, соопшти Министерството за внатрешни работи.

Само за четири дена (17–20 ноември 2025) македонската полиција уапси седум безобзирни возачи и напиша рекордни 2.415 сообраќајни прекршоци, соопшти Министерството за внатрешни работи.

Од нив, шест лица се лишени од слобода поради управување возило под дејство на алкохол, а едно поради екстремно пречекорување на дозволената брзина надвор од населено место – сите согласно член 297-а од Кривичниот законик.

Во истиот период евидентирани се:

  • 435 прекршоци за пребраза возење
  • 824 неправилно паркирани возила
  • 270 возачи без возачка дозвола
  • 115 без врзан појас
  • 79 користеа мобилен телефон зад волан
  • 23 пијани возачи
  • 16 поминаа на црвено светло
  • 175 пешаци ги прекршија правилата
  • 74 нерегистрирани и 25 технички неисправни возила се отстранети од сообраќај
  • 7 санкции за затемнети стакла

„Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот строго да ги почитуваат правилата и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта“, порача МВР.

Најнови вести од: Македонија

90 години од смртта на Леонхард Готхилф Мазинг, авторот на првата докторска теза за засебноста на македонскиот јазик

На денешен ден, 4 април 1936 година (пред 90 години) во Тарту, Естонија почина Леонхард Готхилф Мазинг, авторот на првата докторска теза за засебноста на македонскиот јазик

Третманот со ефикасна терапија и поголемиот буџет за Онкологија го продолжува животот на пациентите со рак

Се зголемува животниот век на пациентите со три вида рак – на дојка, на бели дробови и на кожа (меланом) за разлика од пред неколку години кога смртноста беше поголема, што се должи на поквалитетен третман, нови лекови и поголем буџет за лекување односно поголемо издвојување по пациент на Клиниката за радиотерапија и онкологија

To top