Македонија

МВР: Уапсен 14-годишник од Гостивар, возел украденo „БМВ“

Возилото му е вратено на сопственикот, а против малолетникот ќе биде поведена постапка

 

Министерството за внатрешни работи објавува дека уапсило 14-годишник од Гостивар откако бил фатен како вози БМВ кое било пријавено како украдено.

„На 26.09.2025 година, во 18:15 часот, на регионалниот пат Ресен-Охрид, во близина на селото Косел во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид лишија од слобода 14-годишник од Гостивар.

Тој управувал возило „БМВ“ со гостиварски регистарски ознаки, сопственост на Г.И. (66) од селото Форине во Гостивар, за кого постои сомнение дека го одзел без дозвола од сопственикот. Откако го забележале возилото, полициските службеници го запреле на регионалниот пат Охрид-Ресен и веднаш го отстраниле од сообраќај.

Со малолетникот бил извршен службен разговор во присуство на претставник од Центарот за социјална работа Охрид, по што бил однесен во СВР Гостивар.

Возилото му е вратено на сопственикот и по целосно документирање на случајот, ќе следи соодветна пријава“, соопшти МВР.

Најнови вести од: Македонија

Мицкоски: Ако не се свртиме кон семејните вредности и многудетните семејства економијата ќе биде на удар

Ако не се свртиме кон семејните вредности и кон многудетните семејства и ако тие вредности не ги промовираме, македонската економија ќе биде прва која што ќе биде на удар, истакна денеска премиерот Христијан Мицкоски, коментирајќи ја изјавата на вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски дека до 2030 година годишно ни се потребни 50.000 странски работници, за да го држиме нивото на БДП што го имаме сега.

ОКТА продолжува со попуст од два денари по литар дизел гориво

Како одговор на најновите случувања на меѓународните пазари на горива, ОКТА АД – Скопје воведува привремен попуст од 2 денари по литар дизел гориво, со важност од денеска, 20 октомври 2026, до 2 ноември 2026 г.

(Фото): Работна средба за инфраструктурните приоритети на Карпош

Градоначалникот на Општина Карпош, Сотир Лукровски, се сретна со ресорниот министер за транспорт, Александар Николоски, каде беа разгледани тековните инфраструктурни проекти и можностите за нови инвестиции во интерес на граѓаните.

To top