Македонија

МВР влегува во Град Скопје и „Комунална хигиена“ поради алармантната состојба со отпадот

Владата ги задолжи интитуциите да постапат

Владата на денешната седница донесе одлука со која го задолжи Министерството за внатрешни работи (МВР), во координација со повеќе инспекциски и здравствени институции, веднаш да спроведе вонреден инспекциски надзор во Град Скопје и во ЈП „Комунална хигиена – Скопје“, поради сериозните проблеми со собирањето и транспортирањето на комуналниот отпад.

Според владините заклучоци, Државниот комунален инспекторат (ДКИ), Државниот инспекторат за животна средина (ДИЖС), Државниот санитарен и здравствен инспекторат (ДСЗИ) и Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) се задолжени, во соработка со МВР, веднаш да почнат координиран надзор на целата територија на главниот град. Целта е да се утврди реалната состојба со отпадот и да се преземат итни мерки за заштита на јавното здравје и животната средина.

Паралелно, МВР е задолжено — во соработка со градските и државните инспекции — да ги испита постапките на Град Скопје и на ЈП „Комунална хигиена“, како и улогата на градоначалникот Данела Арсовска во ситуацијата со несобирање на отпадот. Според МВР, несобраниот отпад претставува директна опасност по здравјето на граѓаните.

„Состојбата е алармантна и, иако надлежноста е на Град Скопје, поради континуираното непостапување ги повикуваме институциите веднаш да дејствуваат по заклучоците на Владата“, наведуваат од Министерството за внатрешни работи.

Со оваа одлука, Владата практично воведува државен надзор над градската хигиена, откако со денови улиците на Скопје се преплавени со отпад, а јавното претпријатие и градските власти меѓусебно си ја префрлаат одговорноста за кризата.

Најнови вести од: Македонија

90 години од смртта на Леонхард Готхилф Мазинг, авторот на првата докторска теза за засебноста на македонскиот јазик

На денешен ден, 4 април 1936 година (пред 90 години) во Тарту, Естонија почина Леонхард Готхилф Мазинг, авторот на првата докторска теза за засебноста на македонскиот јазик

Третманот со ефикасна терапија и поголемиот буџет за Онкологија го продолжува животот на пациентите со рак

Се зголемува животниот век на пациентите со три вида рак – на дојка, на бели дробови и на кожа (меланом) за разлика од пред неколку години кога смртноста беше поголема, што се должи на поквалитетен третман, нови лекови и поголем буџет за лекување односно поголемо издвојување по пациент на Клиниката за радиотерапија и онкологија

To top