Македонија

МВР воведува продолжено работно време за одобренија за патување на деца

Од МВР апелираат до граѓаните, особено родителите, да ги планираат своите барања навреме и да ја користат оваа можност за да се избегнат подолги чекања.

Министерството за внатрешни работи (МВР) соопшти дека воведува продолжено работно време на шалтерот за издавање одобренија за патување на малолетни лица (деца до 14 години) во Скопје, поради очекуваниот зголемен обем на барања во претстојниот период.

Продолженото работно време се однесува на шалтерот во Одделението за управни работи – Скопје, лоциран во зградата на Македонската радио-телевизија (МРТВ).

Новото работно време:

  • Од понеделник до петок: од 08:00 до 18:00 часот
  • Сабота: од 08:00 до 12:00 часот

Од МВР апелираат до граѓаните, особено родителите, да ги планираат своите барања навреме и да ја користат оваа можност за да се избегнат подолги чекања.

Најнови вести од: Македонија

Јотова „не“ била информирана за доаѓањето на Ива Михаилова во Бугарија, изрази подготвеност да се сретне со неа

На прашањето дали знае како Михаилова ја напуштила Македонија и каква реакција очекува од властите во Скопје, Јотова одговори дека сè уште има прашања што треба да се разјаснат

To top