Македонија

На 12 јуни избор на нов министер за здравство

„Изборот на новиот министер за здравство ќе биде на дневен ред на седницата закажана за 12 јуни.“ Ова го изјави премиерот Христијан Мицкоски, посочувајќи дека се прават напори ова да се случи порано, на 5 или 9 јуни. Мицкоски посочи дека одлуката за назначување на новиот министер за здравство, Азир Алиу, е донесена минатата недела, […]

„Изборот на новиот министер за здравство ќе биде на дневен ред на седницата закажана за 12 јуни.“

Ова го изјави премиерот Христијан Мицкоски, посочувајќи дека се прават напори ова да се случи порано, на 5 или 9 јуни.

Мицкоски посочи дека одлуката за назначување на новиот министер за здравство, Азир Алиу, е донесена минатата недела, а барањето до Собранието е поднесено во петок.

„…дадени се два датума како опции во јуни – 5 и 9, но да видиме дали Собранието ќе успее да се организира и да закаже седница, тогаш, ако не, на 12 јуни, министерот за здравство и заменик-министрите исто така ќе бидат дел од дневен ред“, рече Мицкоски.

Азир Алиу е поранешен министер за информатичко општество и администрација и е дел од Алијансата за Албанците, која останува во коалицијата „ВРЕДИ“, по оставката на Арбен Таравари на 15 мај оваа година и неговата одлука да премине во опозиција.

Најнови вести од: Македонија

„Курир“: Рокас потврди дека може да има блокади и по ставање на Бугарите во Уставот! Само Филипче верува дека е тоа „последно барање“ на Бугарија!

„Венко Филипче и неговата екипа од СДС останаа единствените луѓе во Македонија кои веруваат дека внесувањето на Бугарите во Уставот ќе биде последното барање на Бугарија. Ова директно го потврди и евроамбасадорот Рокас, кој не исклучи дека некоја членка на ЕУ може да нѐ блокира во преговорите со ЕУ!’ – пишува порталот „Курир во својата статија со наслов „Филипче и екипата останаа сами: И Рокас не исклучи дека НЕКОЈА ЧЛЕНКА МОЖЕ ДА НÉ БЛОКИРА И ВО ПРЕГОВОРИТЕ“.

Тошковски: Нека е за убаво, нека е за арно!

Министерот нагласи дека МВР нема да дозволи нарушување на јавниот ред и мир, ниту загрозување на безбедноста на учесниците во сообраќајот, потсетувајќи на инцидентите што се случувале о минатото за време на претходни прослави

ВРЕДИ: И Тирана потврдува дека албанскиот јазик напредува, додека пропагандата на ДУИ доживува фијаско

„Албанскиот јазик не е ниту тема за политички кампањи, ниту алатка за ширење страв кај граѓаните. Тој е стекнато право и заедничко добро на сите Албанци – кое се штити и унапредува преку конкретни дела, а не преку лажни аларми, велат од партијата

To top