Македонија

На бегалката ќе ѝ се суди во отсуство

Во текот на процесот таа тврдеше дека е жртва на дискриминација поради тоа што има двојно македонско и бугарско државјанство и дека не ѝ се дозволува заминување на лекување во Бугарија

Судењето за сообраќајната несреќа со смртни последици, против обвинета Ива Михаилова, ќе предолжи без неа, бидејќи е донесена одлука да и се суди во отсуство откако таа избега во Бугарија.

„По предлог на Основното јавно обвинителство Кочани донесено е Решение на И.М., обвинета за Тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот, да и се суди во отсуство, бидејќи таа не е достапна на државните органи. Следното судско рочиште е закажано за 09.11.2026 година во 9 часот, информираат од Обвинителство.

Михаилова избега од државата на 11 октомври 2026 година и замина во Софија, Бугарија.

Таа има и бугарско државјанство, а во Македонија е обвинета во судска постапка за сообраќајна несреќа со смртни последици.

По нејзиното бегство од земјава, по неа е распишана централна и меѓународна потерница, а кочанскиот суд и одреди мерка притвор во траење од 30 дена. За неа беа изречени и мерки на претпазливост а и беа одземени патните документи.

Бугарските медиуми на 12 октомври објавија дека Михаилова се наоѓа во Бугарија, иако претходно ѝ биле одземени двата пасоша – македонскиот и бугарскиот, како дел од превентивните мерки со кои требало да се спречи нејзино заминување од државата.

Во изјава за бугарската БТВ, таа рече дека одлучила да замине за Бугарија поради влошената здравствена состојба, како и дека тоа го сторила со своите документи за лична идентификација. Според македонското МВР, не е евидентиран легален излез на Михаилова од државава, ниту легален влез во Бугарија, а истото важи и за адвокатот Николај Димитров, кој тврдеше дека ја придружувал.

Најнови вести од: Македонија

Сиљановска-Давкова – Ван дер Белен: Австрија останува важен и искрен поддржувач на македонскиот евроинтеграциски пат

Проширувањето не е само политичко и економско прашање, туку и безбедносно, особено во време на геополитички тензии коишто се закана за мирот во Европа

(Фото): Лукровски во Охрид ја подигна наградата „Младински пријателски град“

Пораката од форумот беше дека квалитетната младинска работа и функционалните младински центри се клучни за враќање на довербата на младите во институциите и создавање услови тие својата иднина да ја градат во сопствените општини.

(Фото): Средба Николоски-Сивањанам: Потврда на стратешкото партнерство, силни инвестиции со поддршка на Велика Британија

Двајцата говорници ја потврдија заедничката заложба за продолжување и интензивирање на соработката и натамошно унапредување на стратешкото партнерство во интерес на двете земји.

To top