Македонија

На Божиќ се роди Миха, првото новороденче во Кочани во 2026 година

„Во моментите кога го славиме најголемиот христијански празник, раѓањето на нашиот Бог, Исус Христос се раѓа и нова надеж во Кочани. Ова не е симболика, ова е јасна порака со која Господ Бог е со нас и со негова помош ќе се трудиме да го направиме тоа што многупати го кажавме, за повторно раѓање на Кочани и на кочанската болница.“ – изјави градоначалникот на Кочани Влатко Грозданов.

На Божиќ, утрово во 02:43 минути се роди Миха, првото новороденче во 2026 година во Кочани. За мајката Виолета од Оризари новороденчето е втора машка рожба во семејството Димитровски.  Медицинскиот тим од Гинеколошко-акушерското одделение при кочанската болница соопшти дека бебето е тешко 3.500 грама, долго 53 сантиметри, породено по природен пат.  

-Раѓањето заврши со уреден тек, пациентката и бебето се чувствуваат добро. Пациентката е од Гостивар, но живее во Оризари, ова е втора рожба, второ машко дете, рече Д-р. Илчо Атанасовски.

Градоначалникот на Кочани, Влатко Грозданов ги посети мајката и новороденчето. Врачувајќи им ги традиционалните подароци им посака добро здравје и многу среќа, а упати благодарност и до персоналот што го изврши породувањето. –  Од мое лично име и од име на Општина Кочани на малиот наш сограѓанин му посакувам безгрижно детство, многу здравје и да биде гордост на неговите родители и на нашиот град Кочани. Ние како Општина ќе бидеме посредник меѓу централната власт и институцијата болница во Кочани за што е можно побрзо возобноувавње на неа и повеќе инвестиции, како на кадровско така и на организационо поле, рече градоначалникот Грозданов.






Најнови вести од: Македонија

И оние што во летната сезона ќе работат во странство ќе мора да платат данок кон УЈП

Голем број македонски студенти кои во изминатите пет години учествувале во програмите за летна работа во Германија (Work & Travel) се соочуваат со неочекувани барања од Управата за јавни приходи (УЈП) за пријавување и оданочување на нивните приходи остварени во странство, пишува инстаграм страницата Студентарија.

To top