Македонија

На полноќ почнува изборниот молк, кандидатите уште денеска имаат можност да се претстават пред граѓаните

Денеска е последниот ден од изборната кампања пред одржувањето на првиот круг на претстојните локални избори, што треба да се одржи в недела на 19 октомври.

Денеска е последниот ден од изборната кампања пред одржувањето на првиот круг на претстојните локални избори, што треба да се одржи в недела на 19 октомври. Политичките партии, независните кандидати и коалиции уште денеска имаат можност да се претстават себе си и своите визии и програми за локалните избори.

Ноќеска на полноќ почнува изборниот молк, кој ќе трае до завршувањето на изборите. Од понеделник 20 октомври ќе почне кампања за оние општини каде нема да биде избран градоначалник во првиот изборен круг.

ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата вечерва завршен централен митинг ќе имаат во Охрид, а СДСМ и коалицијата својата програма ќе ја претстават во Старо Нагоричане, Ранковце, Крива Паланка, Кратово и Куманово.

За денеска најавена е и прес-конференција кандидатот за градоначалник на Град Скопје од ВМРО-ДПМНЕ, Орце Ѓорѓиевски.

Движењето ЗНАМ – За Наша Македонија, пак, ќе ја претстави својата програма на завршен митинг во Куманово.

Кандидатот за градоначалник на Град Скопје, Амар Мециновиќ, денеска ќе одржи прес – конференција на Плоштад „Слобода”. Во рамки на последниот ден од предизборната кампања, Левица планира целодневни активности и повеќе други активности како „Скопје пешки“ (Амар Мециновиќ ќе пешачи од Ѓорче Петров до Ново Лисиче, тргнува од Ѓорче – пристигнува на Плоштад ,,Слобода” за прес конференција и продолжува кон Ново Лисиче), изложба „Скопје какво беше – какво е – какво треба да биде“, како и завршен собир во Изборниот штаб на партијата.

За утре е најавена и прес конференција на Горан Марковски, независен кандидат за градоначалник на Скопје поддржан од граѓанската платформа „Независни заедно“, како и на Билјана Ивановска, независна кандидатка за градоначалник на општина Центар поддржана од граѓанската платформа „Независни заедно“. (МИА)

Најнови вести од: Македонија

Која е македонската фирма која се поврзува со запленетата дрога вредна 50 милиони евра

Компанијата која е дел од синџирот вреден 50 милиони евра а е регистрирана во скопско за производство и преработка на медицински канабис за само еден месец пренесле дрога тешка 5 тони

Филипче: Се гледа дека нашите политики не се лицемерни, туку се конзистентни

Претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче, во интервју за Радио Слободна Европа остро го критикуваше актуелниот пристап на владата на ВМРО-ДПМНЕ кон минималната плата и животниот стандард на граѓаните, истакнувајќи дека за време на владеењето на СДСМ постоел континуиран и системски раст на платите, додека сегашната влада го прекинала тој процес и го замрзнала растот на 400 евра.

Мицкоски: „Безбеден град“ не е за пари, туку за спасување животи – толеранција од 15 % над дозволената брзина

Премиерот Христијан Мицкоски изјави дека првиот ден од функционирањето на системот за видео надзор и казнување „Безбеден град“ поминал без евидентирани поплаки од граѓаните.

Професори и правници: Изедначувањето на цигарите и алтернативните производи во нацрт-законот е чекор назад

Македонија, како традиционална земја на производство на тутун, треба да ги следи добрите глобални практики и да креира политики што ќе ја стимулираат диференцијацијата на производите врз основа на научни докази, а не да ги третира сите исто.

To top