Македонија

На СОС линијата „Ало Бушавко“ се повеќе деца бараат помош поради анксиозност, насилство и самоубиствени мисли

Тимот на АлоБушавко – телефонот за деца и млади при Првата детска амбасада во светот МЕЃАШИ

На конференцијата за медиуми, тимот на АлоБушавко – телефонот за деца и млади при Првата детска амбасада во светот МЕЃАШИ извести за резултатите од работењето во 2025 година, наодите од годишниот извештај на СОС телефонот за деца и млади АлоБушавко 070 390 632, како и напредокот во рамките на релевантните (вон)проектни активности. Во 2025 година, телефонската линија за деца и млади Ало Бушавко продолжи да биде клучен ресурс за поддршка, обезбедувајќи 24-часовна достапност секој ден во годината. Анализата на проблемите открива дека менталното здравје е најголемиот предизвик со 83 дојави (30%) од вкупниот број (284).

Овој податок укажува дека младите се соочуваат со бројни предизвици кои ги надминуваат нивните капацитети за справување со истите. Семејните односи следат со 64 дојави (23%) што укажува на кризата во семејните структури. Повредите се трет најчест проблем со 57 дојави (21%). Во однос на проблемите со пристапноста евидентирани се 39 дојави, додека во категоријата училишна средина има 18 дојави. Со најмал процент на дојави се категориите дискриминација и ексклузија (11 дојави), физичко здравје (2 дојави) и сексуалност (1 дојава). Во текот на 2025 година Ало Бушавко имаше вкупно 284 дојави а телефонската линија се потврди како најефикасниот канал за пријавување со 227 дојави (79,9%) од вкупниот број на дојави што укажува на преференцијата на граѓаните за директна и брза комуникација, додека преку СМС пораките се примени вкупно 22 дојави, а преку електронската пошта 15 дојави.

Ова покажува дека традиционалните канали на комуникација сè уште се најефективни за овој тип на услуги. Од вкупно 278 деца и млади кои се обратиле до линијата, забележана е речиси рамномерна родова застапеност: 108 машки (39%) и 102 женски (36%), додека во 68 случаи (25%) полот е анонимен. Во однос на возраста, најзасегнати биле децата на 10-12 години (38 деца), а веднаш по нив се оние на 13-15 години (33 деца) и на 7-9 години (27 деца).

Во тековната година забележан е зголемен број на јавувања за предивици кај лица од машкиот пол, на возраст од 7 – 15 години, најчесто од нивните родители во својство на загрижени дојавувачи, додека кај женскиот пол најголема засегнатост има на возраст од 13 до 25 години. Според Жарко Змијанац – в.д оперативен директор на Првата детска амбасада во светот Меѓаши, помина времето на префрлување на одговорноста за добросостојбата на децата и младите, време е одговорноста Ало Бушавко 070 390 632 ; 116-111 htpps://alobushavko.mk/ да се сподели помеѓу клучните чинители во општеството каде децата поминуваат најмногу од времето. Додека си ја префрламе одговорноста случаите на насилство, отфрленост, незадоволство, отуѓеност, несигурност се зголемуваат и изгледа како да нема решение.

Семејствата, образовните установи, друштвото на врсници се столбовите каде децата и младите треба да наидат на поддршка и разбирање и да бидат заштитени и прифатени. Добросостојбата на децата и млади не може да ја третираме изолирано само во моменти додека детето е во домот или само додека е на училиште или пак само додека е со друштвото. Потребно е секоја средина да биде поддржувачка и децата и младите да имаат можност да бидат активни чинители во таа средина со давање на простор кој го заслужуваат. Во случаи кога овие столбови на поддршка не го даваат потребното внимание и грижа, клучни се дополнителните начини, форми, механизми за поддршка како СОС линии, групи за поддршка, младински центри, креативни и спортски активности.

,,Менталното здравје и дигиталната безбедност на децата не се избор – тие се обврска на секое одговорно општество. Секој пропуштен сигнал од едно дете може да прерасне во тивка криза, затоа нашата задача не е само да реагираме, туку да слушаме навреме. А децата веќе ни зборуваат – прашањето е дали ќе ги слушнеме пред нивната тишина да стане опасна.“ истакна Јорданка Черепналкова-Трајкоска, психолог Мила Дамјановска, операторка на Ало Бушавко, се осврна на фактот дека е зголемен бројот на деца кои се јавуваат поради самоубиствени мисли или обиди за самоубиство, што е крајно загрижувачки и како што рече, треба ,,да се посветиме на тоа да не им е страв на децата да кажат кога не им е добро, родителите и училиштата да се тука за нив и да ги слушаат, тие треба први да препознаат знаци кога детето не е добро бидејќи најмногу време поминува со нив“. Изабела Ивановска – волонтерка на Ало Бушавко, даде конкретен опис од повик добиен во 2025 година, од обид за самоубиство на малолетно лице.

Таа ја истакна исто така важноста на препознавање на знаците за самоубиство, потребата за поддршка од возрасните и интервентните постапки на Меѓаши.

Во рамки на категоријата „Ментално здравје“, најчесто пријавувани подкатегории се „страв и вознемиреност“ и „самоубиствени мисли и обиди за самоубиство“, при што за секоја од нив се евидентирани по 19 случаи, односно деца кои биле директно засегнати од овие состојби. Во 2025 година е забележан значителен пораст на бројот на деца и млади кои пријавуваат самоубиствени мисли или имаат извршено обид за самоубиство, што укажува на потребата од итна и континуирана поддршка. На трето место, според застапеност, се наоѓа подкатегоријата „проблеми со расположението“, со евидентирани 13 случаи. Ова дополнително го нагласува психолошкиот товар со кој се соочуваат децата и младите, како и потребата од системска поддршка и превентивни мерки насочени кон унапредување на нивното ментално здравје. Ало Бушавко 070 390 632 ; 116-111 htpps://alobushavko.mk/ Во рамки на категоријата „Семејни односи“, убедливо најзастапена е подкатегоријата „односи со родители“, за која се евидентирани вкупно 48 случаи, односно деца кои се обратиле до линијата Ало Бушавко поради различни тешкотии и конфликти во односите со нивните родители. Овој податок укажува на потребата од поголема поддршка за семејствата, со цел да се зајакне меѓусебната комуникација, разбирање и градење на доверба помеѓу родителите и децата. Во рамки на категоријата „Повреда“, најголем број пријави се евидентирани во подкатегоријата „физичко насилство“, каде се регистрирани 22 деца засегнати од различни форми на директно физичко повредување. Овие случаи укажуваат на сериозни нарушувања на безбедноста и интегритетот на децата и претставуваат висок ризик по нивното физичко и психолошко здравје. На второ место, според застапеност, се наоѓа подкатегоријата „занемарување (негрижа)“, со 9 деца. Ваквите состојби често доведуваат до долгорочни последици врз развојот и чувството на сигурност кај децата. Подкатегоријата „булинг“ опфаќа 8 деца, при што се евидентирани случаи на континуирано изложување на навредливо, заканувачко или понижувачко однесување од страна на врсници. Иако бројчено помалку застапени, овие случаи претставуваат сериозен ризик за менталното здравје на децата и се поврзани со појава на анксиозност, страв, социјална изолација и намалена самодоверба Сите овие податоци, и понатаму како и последниве 3 години, ја потврдуваат потребата за зајакнување на системите за поддршка и превенција во областа на детското ментално здравје. Истовремено, забележуваме дека нашите промотивни активности имаа позитивен ефект, охрабрувајќи значителен број деца да се обратат директно и да разговараат за проблемите кои ги загрижуваат или за теми кои ги интересираат. Ало Бушавко линијата продолжува да функционира како доверлива линија каде децата се ислушани, поддржани и советувани, со целосно почитување на нивната анонимност, приватност и доверба.

Постапување по случаите

Во текот на постапувањето и давањето поддршка, тимот на АлоБушавко – телефонот за деца и млади често соработуваше со Центрите за социјална работа, посебно со Интервентиот тим при скопскиот центар, како и Центрите од другите градови, Народниот правобранител, Секторот за внатрешни работи, училишта, Здружението на млади правници, Коалицијата за правично судење, како и други чинители и организации заради обезбедување подобра и поефикасна поддршка на јавувачите. Покрај тоа дадени се соодветни препораки за случаите, дадени се информации за контакт на соодветната институција, упатени се до други организации или институции како и до агенции/институции надлежни за спроведување на законот.

Целосниот извештај може да го преземете од веб страницата на Првата детска амбасада Меѓаши, на овој линк Ало Бушавко 070 390 632 ; 116-111 htpps://alobushavko.mk/ Презентацијата на наодите од извештајот за 2025 година се реализира во рамикте на проектот „Безебедeн интернет простор за деца и млади„ спроведуван од Првата детска амбасада во светот Меѓаши во партнерство со ИМПЕТУС – Центар за интернет, развој и добро управување, поддржан од Владата на Швајцарија преку Цивика мобилитас.

Проектот има за цел унапредување на дигиталната безбедност, заштитата и благосостојбата на децата и младите во онлајн средината преку обезбедување поддршка, едукација и превенција од дигитални ризици.

*Содржината на оваа соопштени е единствена одговорност на Првата детска амбасада во светот Меѓаши и на ниту еден начин не може да се смета дека ги одразува гледиштата на владата на Швајцарија, Цивика мобилитас, или организациите што ја спроведуваат.

Најнови вести од: Македонија

Вонвременскиот завет на македонскиот војвода Васил Чакаларов: Ако нам ни се стемни, барем на Македонија да ѝ се раздени!

На денешен ден, на 9 јули 1913 година кај леринското село Бел Камен во Егејска Македонија во борба со грчките војници загинува костурскиот војвода Васил Чакаларов, член на Македонската револуционерна организација (МРО). Под негово водство опстојува најголемата ослободена територија во Македонија по Илинденското востание до 27 август 1903 година. Чакаларов и неговата чета биле гонети од страна на грчките сили. На 4 јули 1913 година во Чеган четата била предадена. Тогаш дошло до судир во кој Чакаларов бил полесно повреден, а четата се поделила на два дела. Наредниот ден таа е растурена. Тој повторно бил ранет, но успеал да стигне до планината Вич на 8 јули. Чакаларов бил ранет во градите при борбата со грчки војници на 9 јули во близина на Бел Камен. Тука тој загинал и грчките војници му ја отсекле главата и ја однеле во Лерин, каде што на сиот глас викале: „Го нема Чакаларов, ја нема Македонија, го уништивме Чакаларов, а со него и сите Чакаларовци!“ Покрај храброста и јунаштвата во неговата револуционерна борба за слободата на Македонија и македонскиот народ, легендарниот македонски војвода Чакаларов ќе остане запаметен и по неговата порака, која е своевиден вонвременски завет за сите македонски поколенија: „Ако нам ни се стемни, барем на Македонија да ѝ се раздени!“

Гаши бара одговори од Тирана: Зошто тројца пратеници од Вреди со дипломатски пасоши биле задржани на Ќафасан?

Претседателот на Собранието Африм Гаши бара одговор од Албанија, а во МНР се очекува да биде повикан албанскиот амбасадор во Македонија, Денион Мејдани, дознава „Слободен печат“ од високи функционери од власта, откако вчера, на пратениците Беким Ќоку и Аднан Азизи, како и на заменик-генералниот секретар на Владата, Хасим Муртезани, им бил забранет влез во Албанија. Од Вреди, партијата чии пратеници еден час биле задржани на граничниот премин Ќафасан, иако имале дипломатски пасоши, информираа дека очекуваат официјална Тирана да објасни зошто се задржани функционерите и дали за нив има забрана за влез во Албанија.

Мицкоски: Со блокадата на Изборниот закон Левица прави само театар за мал број на гласачи, кои им веруваат

Премиерот Христијан Мицкоски се уште го чека предлогот на опозицијата за Изборниот законик, со цел тој да биде донесен, а со тоа државата да ги исполни сите од предвидените 10 реформски чекори кои треба да се завршат до средината на месецов, а се од интерес на граѓаните. Пратениците од владејачкото мнозинство, вели, имаат усогласен став дека ќе се прифати секој предлог на опозицијата со вградени препораки на ОБСЕ-ОДИХР и содржано гласање на дијаспората. Она што го прават од опозициската Левица со Изборниот законик, вели, е театар за нивниот мал број гласачи.

Народниот херој Цветан Димов усмртен од бугарскиот фашистички окупатор со фрлање од прозорец по ѕверски измачувања на денешен ден пред 84 години

На денешен ден, на 9 јули 1942 година во Скопје е усмртен народниот херој Цветан Димов од страна на бугарскиот фашистички окупатор. По неколкудневни тешки измачувања и ѕверски тепања, бил фрлен од прозорец од четвртиот кат на Обласната бугарска полициска управа во Скопје од страна на Љубомир Јорданов, началник на групата А на државната безбедност во Обласната полициска управа. Цветан Димов, познат меѓу народот како Целе Чаирчанец, (Скопје, 5 март 1910 [1] – Скопје, 9 јули 1942 ) е македонски комунист, синдикалец, и учесник во НОБ. Заедно со Орце Николов бил еден од најистакнатите организатори на работничкото и комунистичкото движење во Скопје меѓу двете светски војни. По ослободувањето, на 26 јули 1945 година, е прогласен како народен херој на Југославија, како еден од првите борци од Македонија кои го добиле тоа одликување заедно со Орце Николов, Стеван Наумов – Стив, Мирче Ацев, Страшо Пинџур, Христијан Тодоровски – Карпош и Кузман Јосифовски – Питу.

Георгиев: Бесниот великобугарски шовинизам е жестока болест на Бугарија со неговото негирање на македонството и македонскиот идентитет!

„Великобугарскиот шовинизам е жестока болест на Бугарија. Тоа не е родољубие, туку бесен национализам, преобразен во манија за величие на една земја во сразмера, трипати поголема од секој нејзин потенцијал, со злоба кон сè небугарско, со болни територијални и национални стремежи, со чудовишно угнетување на националните малцинства внатре во неа. Издигнат во ранг на национална политика, на национална свест и психа, во начин на живеење на сите генерации, великобугарскиот шовинизам десетици години беше темел на буржоаска Бугарија. Анализиран преку сите негови пројави, тој е бугарска идеологија.“ – има напишано бугарскиот универзитетски професор д-р Константин Георгиев од Софија во предговорот на својата книга „Филетизам или проклетство: аспекти на великобугарскиот шовинизам“. Ова е капитален историографски и социолошки труд во два дела. Првиот дел од овој обемен труд е веќе објавен на македонски јазик во 2016 година. Издавачката куќа „Македоника литера“ од Скопје објави на својот фејсбук-профил дека деновиве го испечати вториот дел од студијата на професорот Константин Георгиев.

Најнови вести

To top