Македонија

На власта и успеа тоа што никој не очекуваше да се случи за толку кратко време – Анкета на Маркет Вижн

Зошто резултатите од анкетата се историски?

Повеќе од една третина од граѓаните сметаат дека работите во Македонија одат во правилна насока, што е за три проценти повеќе од резултатот на истото прашање од анкетата во април годинава. Истражувањето на МКД.мк, како дел од редовните истражувања кои редакцијата заедно со агенцијата Маркет вижн ги прави, е спроведено од 20 јуни до 4 јули.

На прашањето „во која насока сметате дека се движат работите во Македонија“, 34,3 отсто од испитаниците одговориле дека насоката е правилна, а 40,5 отсто сметаат дека насоката е погрешна. Податоците покажуваат дека сѐ поголем број на испитаници сметаат дека земјата се движи во правилна насока.

 

 

За само три месеци дури 3 проценти или над 40 илјади граѓани го смениле ставот и сега сметаат дека Македонија оди во добра насока што е историски резултат ако се пресмета трендот меѓу граѓаните кои соочени со многу предизвици традиционално со недоверба и скепса  гледаат на иднината.

 

Зошто резултатите на Маркет Вижн се историски?

 

Во Декември 2022 година анкета на ИРИ покажа дека само 13 проценти од населението или само околу секој 8 граѓанин сметал дека земјата се движи во вистинска насока.

Тогаш во анкетата на ИРИ на прашањето за насоката на движење на земјата, само 13 отсто од македонските граѓани одговориле дека земјата се движи во вистинска насока, додека 58 отсто од анкетираните лица одговориле дека се движи во погрешна насока. Дваесет и осум проценти од испитаниците биле неутрални.

 

Четири месеци подоцна во истражувањето на ИРИ направено во периодот на март и април 2023,  56% од македонските граѓани сметаат дека државата се движи во погрешен правец, 29% се неутрални додека само 14% од анкетираните изјавиле дека Македонија се движи во правилна насока.

 

Според анкета на М Проспект во Февруари 2024 дури 68,3% од македонските граѓани сметале дека државата се движи во погрешна насока. Само 11% сметале дека се движи во правилна насока, додека 17,5% одговориле дека стои во место и 3,2% не знаеле да одговорат, во анкетата “Перцепции за најголемите проблеми на граѓаните и државата“ чии што наоди денеска беа анализирани и коментирани во просториите на Балканскиот центар за конструктивни политики „Солуција“.

 

Според таа анкета само 1 од десет македонски граѓани сметале дека државата оди во добар правец.

 

Според сегашните резултати на Маркет Вижн која важи за една од најрелевантните агенции за истражување на јавното мислење секој трет граѓанин  смета дека Македонија оди во добар правец.

 

Најнови вести од: Македонија

Влада: Не знаеме кого чекал Трендафилов во празна сала, премиерот ќе има средба со синдикатите в четврток

Претседателот на ССМ, Слободан Трендафилов, оцени дека е добро што премиерот го прифатил барањето на УПОЗ за зголемување на платите во управата и правосудството по речиси една година протести на работниците од овој сектор, но додаде оти денеска требало да се зголемат и платите на вработените во управата за 40 отсто.

Осигурителната компанија „Tриглав Осигурување АД“ со огромен раст на добивка

Триглав Осигурување АД, Скопје во претстојниот период очекува понатамошно профитабилно, безбедно и одржливо работење. Планираната премија во 2026 година изнесува 1.960 милиони денари, односно раст од околу 15 отсто во однос на 2025 година. Добивката се очекува да изнесува околу 75 милиони денари – стои во извештајот.

To top