Македонија

Над 1000 повици за паднати дрвја и летнати кровови пријавени во ЦУК по невремето во Скопје

Повеќе од 1.000 повици од граѓани се евидентирани на Единствениот број за итни повици 112 по силното невреме проследено со силен ветер што попладнево го зафати Скопје, информира Центарот за управување со кризи

Повеќе од 1.000 повици од граѓани се евидентирани на Единствениот број за итни повици 112 по силното невреме проследено со силен ветер што попладнево го зафати Скопје, информира Центарот за управување со кризи.

Според директорот на ЦУК, Мухамед Али, на повеќе локации низ главниот град се регистрирани сериозни последици од невремето. На улицата „Женевска“ број 10 паднала кровна конструкција од зграда, при што се оштетени повеќе патнички возила.

 

Пријавени се и паднато дрво врз моторно возило на улицата „Методија Митевски“, паднато дрво на улицата „Никола Тримпаре“, како и падната кровна конструкција на улицата „Трифун Бузев“.

Од силниот ветер е откорнат и дел од покривната конструкција на Основното општинско училиште „Владо Тасевски“. На улицата „Хелсинки“ број 5 се регистрирани две паднати дрвја, додека на улицата „Скупи“ број 89 паднати дрвја оштетиле електрични кабли, патничко возило и дел од куќа.

Покрај Скопје, штети се пријавени и во Куманово, каде на булеварот „Октомвриска револуција“ паднала кровна конструкција.

Од Центарот за управување со кризи информираат дека за сите пријавени случаи се известени надлежните служби, кои се на терен и работат на расчистување и отстранување на последиците од невремето.

Најнови вести од: Македонија

Се води ли војна преку водата за пиење и зошто нема доверба во институциите?!

22 дена во градскиот водовод во Гостивар биле вклучени пумпи кои наводно го полнеле системот со вода од површински канал од реката Вардар, наводно за да се зголеми притисокот во летниот период. Ова навидум наивно објаснување актот во Гостивар, кој практично имаше ефект на терористичко дело, за жал беше „поткрепено“ со документ од државна институција.

(Колумна): Ладење со вентилатор?

За време на големите топлински бранови (горештини) во некои европски земји (Франција, Англија, …) на телевизија гледавме сцени како наутро при отворање на продавници се создаваа големи турканици за купување било какви апарати за ладење, а најчесто гледавме како грабаат вентилатори.

Македонија скокна за 29 позиции на Глобалниот индекс за сајбер безбедност

Македонија бележи значителен напредок на Глобалниот индекс за сајбер-безбедност (National Cyber Security Index – NCSI), искачувајќи се за 29 позиции и достигнувајќи го 30. место меѓу 155 рангирани држави и територии.

МПЦ-ОА до Вучиќ: Ги отфрламе сите политички, идеолошки светови или платформи, од каде и да доаѓаат!

По повод неодамнешната изјава на српскиот претседател Александар Вучиќ дека „Српската Црква е иста и во… Скопје…“ денеска реагира Архиерејскиот синод на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија (МПЦ – ОА).

ВМРО ДПМНЕ: СДС пак се обиде да произведе „изјава“ за „разговори под радарот“, што Муцунски никогаш не ја дал!

СДС денес повторно се обиде да произведе „изјава“ што министерот Муцунски никогаш не ја дал, тврдат дека рекол дека разговорите се водат „под радарот“. Има само еден мал проблем: таква изјава нема.“ – реагира ВМРО ДПМНЕ.

To top