Македонија

Над 220 македонски паталци чекаат трансплантација на органи за да преживеат

Панел дискусија за органодарителството во Велес

Во Ликовниот салон во Велес се одржа панел дискусија на тема „Органодарителството во Македонија“, на која учествуваа врвни лекари, трансплантациски експерти, координатори за трансплантација, пациенти кои веќе имале трансплантација, пациенти кои чекаат на листите, живи донори и претставници од верските заедници.

Целта на настанот беше да се едуцираат граѓаните за процесот на трансплантација и да се поттикне што поголем број луѓе да станат органодарители, со што би се спасил човечки живот или повеќе животи.

Настанот е дел од Националната кампања за подигнување на свеста за органодарителство, која ја водат Министерството за здравство и Владата. По Велес, панел дискусии ќе се одржат и во други градови низ земјава.

Нов закон и можност за изјаснување

Законот за органодарителство беше усвоен во Собранието крајот на јуни и ќе стапи во сила од 1 октомври годинава. Граѓаните ќе можат кај својот матичен лекар да ја потпишат согласноста за дарување органи. Подзаконските акти (уредби и правилник) се објавени на јавна расправа на веб-страницата на Министерството за здравство и наскоро се очекува да поминат на Влада.

Д-р Лилија Чолакова Дервишова, претседател на Здружението на приватните лекари на Македонија, истакна дека матичниот лекар е најдостапен за граѓаните, па затоа изјаснувањето ќе се врши токму кај него.

„Мислам дека суштината на нашето постоење е да се спаси секој човечки живот. Секој ќе има право да се изјасни – ако нешто му се случи или ако почине, неговите органи да се донираат и да спасат други пациенти“, рече таа и посочи примери на млади луѓе на хемодијализа или со вештачки пумпи кои итно се во потреба од трансплантација.

Проф. д-р Билјана Кузмановска, анестезиолог и национален координатор за трансплантација, истакна дека бројките на пациенти на листите варираат секојдневно – некои добиваат органи, некои за жал починуваат, а се појавуваат и нови случаи.

Според нејзините зборови, моментално:

29 пациенти** чекаат срце
12 пациенти** чекаат црн дроб
160 пациенти** чекаат бубрег
Околу 20 пациенти чекаат корнеа (очни рожници)

Оваа година веќе се направени 16 трансплантации на очни рожници. За коски, коскени ткива и лигаменти нема листа на чекање, бидејќи се користат ткива од Банката за коски на Клиниката за ортопедија и траума.

Проф. Кузмановска потсети дека постојат два вида органодарителство: од жив донор и кадаверично (по мозочна смрт). Кадаверично донирање е возможно само кај пациенти во интензивна нега, на респиратор и со утврдена мозочна смрт. Органодарителството е секогаш доброволно и своеволно.

Лични приказни

Еден од најсилните моменти на панелот беше излагањето на Илчо, кој на својата ќерка Ана Гиовска и донирал дел од црниот дроб.

„Органодарителството дарува живот. Јас не бев донор, туку родител кој се грижи за своето дете. Денеска кога ја гледам како расте, тоа ми дава сила да го заборавиме сето она што го поминавме. Но многумина ја немаат таа среќа и чекаат на листата. Кога дарувате орган, вие давате иднина на цело семејство“, порача Илчо.

Тој изрази голема благодарност до проф. д-р Соња Бојаџиева од Клиниката за гастроентерохепатологија во Скопје, која исто така беше дел од панелот.

На настанот се обрати и мајка од Велес која ја молеше јавноста да се најде донор за срце за нејзиниот 23-годишен син, кој тешко живее со две вештачки пумпи.

Оваа панел дискусија ја покажа и човечката и медицинската димензија на органодарителството, со надеж дека кампањата ќе донесе поголем број на донори и спасени животи во иднина.

Најнови вести од: Македонија

Почина 72-годишен скопјанец од западнонилска треска в болница

Седумдесет и двегодишен скопјанец почина по компликации од западнонилска треска, соопшти денеска директорот на Инфективната клиника во Скопје, Фадил Цана. Пациентот бил со тешка клиничка слика на менингоенцефалитис, а уште при приемот во болница бил во тешка општа состојба.

(Видео): Со синовите бевме на научнообразовна екскурзија во Белгија, рече премиерот за еднонеделното патување

„Јас не сум љубител на големи годишни одмори со солена вода, со песочни плажи итн. и си рековме – екскурзијата да ја прошириме и тоа да биде научнообразовна екскурзија во Белгија“, изјави премиерот Христијан Мицкоски.

Пронајдени вооружени луѓе во строго-заштитено подрачје на Пелистер

Ренџерската служба на Националниот парк „Пелистер“, во соработка со СВР Битола, спровела повеќечасовна акција за пронаоѓање лица вооружени со огнено оружје, кои навлегле длабоко во територијата на паркот.

Кисела вода добива сè повеќе првачиња

Градоначалничката на Кисела Вода, Бети Стаменкоска Трајкоска, рече дека изградбата на салата во Припор е реализација на долгогодишно барање на жителите. Таа нагласи дека проектот е реализиран во соработка со Владата и Министерството за образование.

To top