Македонија

Надчовечки но засега неуспешни напори за извлекување на телото на бугарскиот нуркач кај Трпејца

Реонот меѓу Трпејца и Љубаништа е меѓу најдлабоките локации во Охридското езеро кое достигнува длабочина до 286 метри

Тимови од Езерската полиција, Црвен крст со нуркачи од нуркачкиот клуб „Амфора“ рано утрово ја продолжија потрагата по 52-годишниот бугарски државјанин кој исчезна вчера при нуркање во водите на Охридското Езеро.

 

Откако вчера поради високи бранови и силен ветер потрагата беше прекината од рано изутрина повторно се бара телото на 52 годишниот бугарски нуркач.

 

Според член на еден од спасувачките тимови се вложуваат надчовечки но засега неуспешни напори за вадење на телото на бугарскиот нуркач кој се удави вчера кај Трпејца.

Главен проблем за спасувачите е длабочината на водата се денеска во овој реон има и голем број на туристички приватни чамци кои возат во близина на местото каде вчера потонал Бугаринот.

 

Екипи на Езерската полиција, Црвениот крст и нуркачи пребаруваат поширок терен кај Трпејца каде се случил настанот, изјавил за Охридњуз портпаролот на СВР Охрид Стефан Димоски.

 

 

Случајот бил пријавен во полицијата вчера во 13.15 часот. Според пријавата И.Т.(52) од Република Бугарија, исчезнал при нуркање на длабочина од 89 метри во водите на Охридското Езеро, над селото Трпејца.

 

Неофицијално, тој бил заедно со уште едно лице со кое вршеле длабинско нуркање и на себе имал тешка опрема.

 

Реонот меѓу Трпејца и Љубаништа е меѓу најдлабоките локации во Охридското езеро кое достигнува длабочина до 286 метри.

 

Оваа најголема длабочина е измерена токму на потегот меѓу Трпејца и Пештани.

 

Фото: Архива

Најнови вести од: Македонија

Говеда, џукели, глупи сте, ништо не знаете – со овие зборови им се обраќала претседателката на кумановскиот суд на вработените

Дури 75 од 90 вработени ја потпишале претставката против Снежана Манев, УПОЗ дава рок од осум дена, а потоа најавува протести и штрајк. Манев ги отфрла обвинувањата.

Хуманитарната трка „Трчаме со срце“ – 290 тркачи, едно срце и една повисока цел

Градскиот парк во Скопје на 19 септември пулсираше во ритамот на хуманоста, дружењето и спортскиот дух. На јубилејната СОС Хуманитарна трка powered by IT4Charity, 290 тркачи застанаа на стартната линија со една заедничка цел – да трчаат со срце и да дадат свој придонес за децата и младите на кои им е потребна поддршка.

To top