Македонија

Награда „Константин Философ“ за проф. д-р Љубомир Цуцуловски

Едногласната одлука за добитникот ја донесе Комисијата за доделување на наградите, во состав: академик Витомир Митевски (претседател), проф. д-р Иван Џепароски и проф. д-р Анета Маркоска Чубриновска (членови)

 

Во 2023 година Филозофското друштво на Македонија ги востанови наградите „Константин Философ“ во три категории: за животно дело, за филозофска книга на годината и за млад филозофски истражувач. Конкурсот годинава беше распишан на 1 април 2025 година, а пријавувањето траеше до 1 октомври.

Во образложението комисијата ги акцентира трите есенцијални белези за оваа награда истакнати во конкурсот: вкупниот опус на филозофот во филозофското творештво, филозофското образование и афирмација на филозофијата во земјата и во странство.

Комисијата истакнува: „…Анализата на обемниот и разновиден опус на проф. д-р Љубомир Цуцуловски, како и на дострелите на неговата повеќедецениска педагошка дејност, сведочи за тоа дека како една од најзначајните одлики на неговиот филозофски профил може да се посочи тесната поврзаност на теоријата и практиката. Ова не се однесува единствено на врската меѓу теориската и практичката филозофија во сферата на неговите филозофски интересирања, туку и на врската меѓу теориското проучување на филозофијата и примената на нејзините методи и алатки како средства за прониклива и бескомпромисна анализа и евалуација на реалните општествени феномени“.

Љубомир Цуцуловски (1948) припаѓа на, условно кажано, втората генерација македонски филозофи. Магистерската теза ја брани на Институтот за социолошки и политичко-правни истражувања во Скопје (1983), додека докторската дисертација на Филозофскиот факултет во Скопје (1992). Од 1975 година па сè до заминувањето во пензија (2013) професионалниот ангажман го врзува со катедрата Институтот за филозофија при Филозофскиот факултет во Скопје, каде ги предава предметите: Увод во марксизмот, Марксистичка филозофија, Историја на марксизмот, Увод во филозофијата, Филозофија на религијата и Филозофија – општ курс.

Автор е на шест книги, како и на обемен предговор кон македонскиот превод на делото на Маркс и Енгелс „Манифест на комунистичката партија“. Библиографијата на проф. д-р Љубомир Цуцуловски опфаќа и над шестотини (600) стручни и публицистички текстови во повеќе стручни списанија, како и во дневниот печат. Професорот Цуцуловски е раководител на Институт за филозофија во два мандата (1999–2005), како и претседател на Универзитетскиот сенат на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, Скопје (2000–2004).

Најнови вести од: Македонија

(Видео): Потпишан меморандум за соработка меѓу ИНОВА и државните универзитети

Поддршка за иновациите, студентите, старт ап бизнисите, зголемување на конкурентноста на македонските компании. Ова треба да го овозможи соработка меѓу агенцијата ИНОВА и државните универзитети. Целта е поквалитетно високо образование и научна истражувачката дејност и подготовка на кадар кој ќе одговори на современите предизвици.

Азески во Битола: Фокус на инфраструктурата како клуч за развој на регионот

Битолскиот регион има околу 5.000 правни субјекти и учествува со 9 до 10 проценти во бруто домашниот производ на државата, што ја потврдува неговата значајна улога во националната економија.

Храната глобално поскапува поради конфликтот на Блискиот Исток

Глобалните цени на храната забележаа раст во март, поттикнати главно од поскапувањето на енергенсите, кое е резултат на ескалацијата на конфликтот на Блискиот Исток, соопшти Организацијата за храна и земјоделство на Обединетите нации.

Во притвор оди битолчанецот (31), уапсен оти од април 2024 до април 2026 набавувал и поседувал материјали со детска порнографија!

Основниот суд Битола го прифати предлогот за притвор за осомничениот битолчанец вработен во образовна установа осомничен за детска порнографија во случајот кој е дел од меѓународна истрага за онлајн-злоупотреба на деца, соопштуваат од Јавното обвинителство на Република Македонија. Случајот е дел од меѓународна истрага за онлајн-злоупотреба на деца, што произлегол од акција предводена од Австралиската федерална полиција.

Повторно во функција обвинителот Цветаноски, суспендиран поради милионските бонуси во СЈО: Новата комисија многу посериозно да ги земе предвид моите наводи!

Јавниот обвинител Јован Цветановски повторно ја извршува својата функција во Вишото јавно обвинителство Скопје, откако Советот на јавни обвинители едногласно ја укина неговата суспензија поради утврдени пропусти во постапувањето на дисциплинска комисија. Истовремено, Советот одлучи дисциплинскиот предмет против него да се врати на повторно разгледување. Јован Цветановски беше ангажиран на предметот за бонусите исплатени во поранешното Специјално јавно обвинителство (СЈО). Цветановски беше суспендиран и тврдеше дека суспензијата е резултат на притисоци и обид за дискредитација, бидејќи одбил да донесе „незаконска одлука“ за бонусите. Тој изјави дека врз него се вршени притисоци од други обвинители и дека суспензијата е дел од политички мотивирана хајка.

ВМРО-ДПМНЕ: Нека не глуми жртва Ристоска, играчот и пиун на СДС, која беспоговорно реализираше агенди на Заев и други чинители!

„Ѝ порачуваме на Ленче Ристоска десната рака на Катица Јанева за која многумина веројатно оправдано сметаат дека беспоговорно реализираше агенди на Заев и други фактори, да не глуми жртва. Додека со Јанева делеа и множеа, и палеа и гасеа, и додека одеа по облаци, каде едната од нив во раката имаше ташна од Луј Витон, и откако после повеќе од 10 години таа не заврши ниеден од споменатите случаи, кокетирајќи со кого ќе и дојде на ум, праќајќи абери и до ВМРО-ДПМНЕ, сега сфаќа дека правда во оваа држава ќе има, и мора да има, без разлика дали на Заев му се допаѓа тоа или не. И без разлика на нејзината лојалност кон било кого.“ – реагира ВМРО ДПМНЕ кон сега веќе поранешната обвинителска Ленче Ристоска, која поднесе оставка на оваа функција.

To top