Македонија

Најчевска: Ма ве д*пат во здрав мозок , кој ќе се осмели на извршителот на мафијата нешто да му направи во затвор?

Вчера судот одлучи Артан Груби да добие 30-дневен куќен притвор со 24-часовен надзор, по неговото приведување на граничниот премин Блаце.

Вчера судот одлучи Артан Груби да добие 30-дневен куќен притвор со 24-часовен надзор, по неговото приведување на граничниот премин Блаце.

Професорката Мирјана Најчевска преку социјалните мрежи упати остри критики за мерката, доведувајќи ја во прашање проценката на обвинителството и судот во однос на опасноста од влијание врз постапката.

„Кај ЈО не постои никаков сомнеж дека за извршителот на мафијата:

“ постои основан страв дека ќе ги сокрие, фалсификува или уништи трагите на кривичното дело или ако особени околности укажуваат дека ќе ја попречува кривичната постапка со влијание врз сведоците, вештаците, соучесниците или прикривачите;“

Кој бре ќе се осмели на извршителот на мафијата нешто да му направи во затвор?

Јасно ви е дека е направен дил? Ма ве д*пат во здрав мозок. Ама не сакате да ви кажам колку сте глупи. Мислите дека ако не ви кажам тоа нешто ќе смени? Или поважно е да се бусате во гради како претци на Аце таткоубиецот, а всушност кој ќе стигне да ве шамара. Ахахаха.

Не се работи овде за етницитет се работи за тоа дека ја прифаќате мафијата како држава“, вели Најчевска преку својот фб статус.

Најнови вести од: Македонија

Николоски: „Не коленичиме, туку достоинствено ја водиме политиката“

Ова вчера во телевизиско гостување рече вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски, одговарајќи на новинарско прашање за влезот на државата во ЕУ, но и за неодамна изнесениот став на премиерот Христијан Мицкоски оти е подготвен да чека со децении без уставни измени, односно дека актуелната Влада нема да попушти пред барањата за уставни измени доколку не добие јасни гаранции за евроинтегративниот процес

Стоп за деца и малолетници на социјалните мрежи

Според анкета на  Институтот за демократија – Социетас цивилис Скопјеоддржуваат  дури 78% од  граѓанитете поддржуваат забрана за пристап до социјални медиуми за деца под 12 години и регулација на пристапот за малолетници до 16 години

To top