Македонија

Најголемата премија во земјата чека нов сопственик – ЛОТО 7 носи близу милион евра премија

Среќата е насекаде со Државна лотарија!

Над 58.000.000 денари – речиси 1.000.000 евра – чекаат нов сопственик во играта ЛОТО 7 на Државна лотарија. Тоа не е само бројка, туку најголемата премија во моментот понудена во игрите на среќа во Македонија. Секоја комбинација од само 30 денари може да биде можност за нов живот, за нова приказна, за нова реалност. Државна лотарија започна со приредување на игрите на 23 април 2010 година.

Првото коло на Ново Лото 7/34 се реализираше на 5 мај истата година, а првата седумка беше постигната на 5 септември 2011 година – вредна 21.173.081 денари, уплатена во „Студио Гина“ во Битола. Од тогаш, па до денес, постигнати се 28 седумки, низ целата земја: Скопје, Битола, Кичево, Куманово, Свети Николе, Тетово, Неготино, Струмица, Кавадарци, Кочани и Охрид. Во 2019 година, играта доби ново име – ЛОТО 7 – но магијата остана иста. Единаесет добитници освоија гарантирани 6.000.000 денари, а еден – симболични 7.777.777 денари.

Вистинските легенди се оние што ја надминаа гарантираната вредност, како добитникот од Охрид, кој на 10 август 2024 година, во 64-то коло на Канал 5 ТВ, освои неверојатни 109.012.304,50 денари, уплатувајќи ги своите броеви во „ВЛАДИЈА 2011“ Охрид. Од тој момент, фондот за 7-ка во ЛОТО 7 постојано расте.

Секоја недела, секое коло, сè повеќе луѓе веруваат во своите среќни броеви, надевајќи се дека токму нивната комбинација ќе биде следната што ќе го промени животот. Нечии 30 денари, колку што чини една лото-комбинација, може да станат влог во комплетна промена на животот. Затоа не заборавајте да ги уплатите вашите среќни броеви и да ја искористите можноста од само 30 денари да дојдете до најголемата премија вредна близу 1.000.000 евра и да станете најголемиот лото-милионер во нашата земја. Уплати, играј, верувај – и дозволи среќата да те изненади.

Среќата е насекаде со Државна лотарија!

Најнови вести од: Македонија

(Видео): Ставен под контрола пожарот кај селото Грачани, „ер-трактори“ им помагаат на скопските пожарникари

Пожарникарите велат дека ќе успеат да го изгаснат пожарот, притоа изразувајќи благодарност за вклучувањето на двата „ер-трактори“ кои помогнале во запирањето на стихијата на местата кои биле непристапни за екипите кои дејствуваат од земја. Како најтежок од денешните пожари, Ангелов го оцени оној што беснее помеѓу Општина Струга и Општина Кичево.

Изложбен простор „Samsung CONNECT“ се отвара на IFA 2026, носејќи ја иднината на живеењето со помош на вештачка интелигенција

Низ телевизори, дисплеи, мобилни уреди и домашни апарати, „Samsung“ демонстрира како вештачката интелигенција може да донесе практични придобивки и да го направи секојдневниот живот полесен и поинтуитивен.

Најнови вести

To top