Македонија

Наскоро нов булевар во Скопје – активно се работи на клучката кај Момин Поток

Активно се работи и на левиот крак од новиот мост на река Серава, преку кого ќе поминуваат коловозните ленти со правец од раскрсницата со булеварот Словенија кон клучката Момин Поток. За оваа делница конечно се пробива трасата, напиша градоначалникот на Скпоје, велејќи дека се отстрануваат објектите коиу се наоѓаат на трасата.

Интензивно се работи кај Момин Поток, наскоро скопјани ќе возат по нов булевар, пишува градоначалникот Орце Ѓорѓиевски споделувајќи снимка од градежните работи. Тој информира дека во моментов напредува изградбата на атмосферската канализација која ќе се наоѓа во средишното зеленило на булеварот Никола Карев на потегот од река Серава до раскрсницата со булеварот Словенија.

  • „Исто така, се работи и на левиот крак од новиот мост на река Серава, преку кого ќе поминуваат коловозните ленти со правец од раскрсницата со булеварот Словенија кон клучката Момин Поток. За оваа делница конечно се пробива трасата“, напиша Ѓорѓиевски.

Градоначалникот вели дека во тек е отстранување на објектите кои се наоѓаат на трасата, со што се откочува целиот процес за изградба на новиот булевар.

Најнови вести од: Македонија

Средба на Гаши со поранешните претседатели на Собранието

Претседателот на Собранието Африм Гаши денеска одржал средба со досегашните претседатели на законодавниот дом Тито Петковски, Трајко Вељаноски и Јован Митрески кои информирал за процесите на донесување на нов етички кодекс за пратениците и на дигитализација на целокупното работење на Собранието, што почна да се применува од 1 јануари оваа година. Укажал на значењето на дигитализацијата на видео записите од седниците на Собранието почнувајќи од првиот состав на Собранието по независноста на државата

To top