Македонија

Не е Заев и не е „како до сега“: ДУИ тргна против Мицкоски

ДУИ вели дека „додека Христијан Мицкоски продолжува со извици, навреди и провокации, во отсуство на каков било конкретен успех на владата што ја предводи, граѓаните јасно гледаат дека единствената „програма“ што му останала во услови на неуспеси е омраза, презир и исклучување на Албанците, клевети и поттикнување меѓуетнички поделби“. „Велите дека ДУИ имаше 23 години […]

ДУИ вели дека „додека Христијан Мицкоски продолжува со извици, навреди и провокации, во отсуство на каков било конкретен успех на владата што ја предводи, граѓаните јасно гледаат дека единствената „програма“ што му останала во услови на неуспеси е омраза, презир и исклучување на Албанците, клевети и поттикнување меѓуетнички поделби“.

„Велите дека ДУИ имаше 23 години да го покаже својот капацитет? Да, токму во тие години, земјата стана членка на НАТО, се приближи кон Европската Унија, изгради најфункционален модел на мултиетнички соживот во регионот и придонесе за регионалната стабилност преку дијалог и мудрост. Земјата стана пример за целиот регион“, вели ДУИ.

Интегративците велат дека Мицкоски и неговата партија отсекогаш биле идентификувани со меѓуетничка омраза, блокади, изолација и масовна корупција.

„Тие отсекогаш биле против секој стратешки напредок на државата, од Охридскиот договор, преку НАТО, до ЕУ. Денес, покрај стратешкиот компас, го изгубија и својот морален компас. Со заштитата на своите луѓе вклучени во кочанската трагедија, тие се подготвени да ги прогонуваат и заплашуваат родителите на жртвите, само за да ги спасат виновните. Презирот и исклучувањето на Албанците можеби ќе му донесат некои радикални гласови во неговата партија, но на среден и долг рок, тој сее семе на поделба што ќе ги оптоварува идните генерации.“

„И ова е историска одговорност што ниту Мицкоски, ниту кој било друг, не може да ја измие со демагогија. Во меѓувреме, неговите албански портпароли го вратија срамното време на вазалство меѓу Албанците. Но, со ова, тие само го зајакнаа убедувањето на секој Албанец дека честа и достоинството на нашата нација не можат да бидат нарушени од заостанати националисти, дискредитирани клептократи, а уште помалку од некои заробени вазали кои станаа срам на овој народ. ДУИ останува партија на достоинство, единство и напредок“, велат од ДУИ.

Додаваат уште дека „претстојните избори се референдум, помеѓу изолирана, поделена и корумпирана Македонија од една страна, и европска, рамноправна и обединета Македонија од друга страна“.

Најнови вести од: Македонија

Македонија намерно се самоблокира, смета бугарскиот новинар од (не)славното интервју на Заев

Кога доброволно се повлекувате, откако Кошта и Фон дер Лајен ќе ви кажат што да правите, се поставува прашањето: со што се пополнува овој вакуум, резонира сопственикот на агенцијата БГНЕС

По средбата со Јотова, Сиљановска Давкова: Не се во прашање само уставните измени, туку и протоколите

Претседателката по средбата со Илијана Јотова во Софија изјави дека за напредок на земјава кон ЕУ не се поставуваат само условите од францускиот предлог, туку и дополнителни барања поврзани со работата на историската комисија

Почина Драги Данев – првиот ректор на УКИМ во самостојна Македонија

Данев е роден во Штип во 1942 година, а докторирал на Машинскиот факултет во Белград. Кариерата ја започнал во индустријата, а подоцна се посветил на академската работа, каде што станал редовен професор и автор на над 150 научни трудови и повеќе учебници од областа на машинството

To top