Македонија

Не се исклучуваат и други пожари, центри на моќ во Македонија и надвор ќе продолжат со нападите, смета премиерот

Мицкоски знае од каде доаѓаат нападите

Премиерот Христијан Мицкоски смета дека подметнатит пожари ќе продолжат да се случуваат бидејќи, како што вели, постојат центри на моќ во земјава и надвор од неа кои не сакаат Владата да успее.

„Тие ќе продолжат да подметнуваат, тие ќе продолжат да лешинарат, а ние ќе работиме и ќе победиме,“ изјави премиерот, додавајќи дека имаат информации од каде доаѓаат потпалувањата – и од домашни и од странски извори.

Во врска со лиценците за работењето на депониите, Мицкоски потсети дека актуелната важи од 2021 до 2031 година и дека компаниите декларирале дека ги исполнуваат условите. „Ако мене ме прашувате, тоа не се услови под кои треба да работат. Сите хибридни напади ќе ги таргетираат овие слаби страни,“ додаде тој.

Премиерот Христијан Мицкоски денеска изјави дека сите лица кои се наоѓаат во близина на пожарот треба да ги следат препораките на надлежните институции и да бидат евакуирани.

„Сите кои се на периметар од 100 метри треба да се евакуираат. Иако мерењата покажуваат дека нема вонредно големо загадување – ако вчера беше помеѓу 8 и 9, денеска е меѓу 5 и 6,“ рече Мицкоски.

Најнови вести од: Македонија

Во вторник уште еден лет за евакуација на македонски граѓани од Блискиот Исток

-Имајќи предвид дека се финализираат подготовките и деталите за неговата реализација, сите граѓани кои имаат неопходна и приоритетна потреба од евакуација потребно е во најкус можен рок да се пријават во Амбасадата на Македонија во Абу Даби, наведуваат од Амбасадата

To top