Македонија

Небиу: Мора да си будала, ако веруваш дека ДУИ ќе нѐ направи Норвешка, ако се врати на власт, се богатеа 21 година и не сторија ништо!

Жестока критика на политичкиот аналитичар кон Али Ахмети и неговите функционери и сопартијци, поради начинот како се однесуваа додека беа на власт во изминативе две децении.

„Мора или да си будала, или воопшто не си будала, туку работиш само за личен интерес, ако веруваш дека ќе нѐ направи Норвешка и ќе изврши големи промени во следната 22-ра година од своето владеење партијата, која веќе владеела 21 година без да постигне ништо, без да изгради автопати, канализација, водовод, училишта, градинки, без да го реши нашиот политички статус на уставен и системски начин, која исклучиво се занимавала со збогатувањето на членовите на нејзиното раководство!“ – оваа објава на фејсбук на политичкиот аналитичар Бесим Небиу ја пренесе весникот на албански јазик „Лајм“ во информација под наслов „„Небиу: Партија која во текот на 21 година само ги богатела членовите на своите семејства не може да направи промени““.

Небиу не прецизира на која партија се однесува неговата објава, но според содржината на критиката, што ја изнесува, сосема е јасно дека тој посочува, иако индиректно, на Демократската унија за интеграција и нејзините челници, бидејќи единствено тие беа во изминативе две децении дел од власта во Република Македонија, покрај другите партии, кои се менуваа.

Најнови вести од: Македонија

Новинарката Лиридона Вејсели испрати жалба до апелација

Новинарката Лиридона Вејсели поднесе жалба до Апелациониот суд против пресудата на Основниот суд во Гостивар, со која е осудена на глоба од 700 евра за кривично дело „злоупотреба на лични податоци“ – поради тоа што во својот новинарски текст го објавила името и презимето на судијата Назиф Иљази од Основниот суд во Тетово.

Која е македонската фирма која се поврзува со запленетата дрога вредна 50 милиони евра

Компанијата која е дел од синџирот вреден 50 милиони евра а е регистрирана во скопско за производство и преработка на медицински канабис за само еден месец пренесле дрога тешка 5 тони

To top