Македонија

Неизвесно дали линеарно или процентуално ќе се зголемат пензиите

Сè уште не е одлучено н најверојатно ќе се испочитува законската должност за редовно процентуално зголемување на пензиите на полугодишно ниво, и покрај тоа што тие во изминатиот период добија линеарно зголемување од 5.000 денари. Миинистерката за финасии Гордана Димитриеска Кочоска рече дека зголемувањето ќе се пресметува по старата законска формула, односно тоа ќе биде […]

Сè уште не е одлучено н најверојатно ќе се испочитува законската должност за редовно процентуално зголемување на пензиите на полугодишно ниво, и покрај тоа што тие во изминатиот период добија линеарно зголемување од 5.000 денари.

Миинистерката за финасии Гордана Димитриеска Кочоска рече дека зголемувањето ќе се пресметува по старата законска формула, односно тоа ќе биде процентуално, а не линеарно.

„Ако има промена, а до сега немам такви најави од страна на Министерството за социјална политика, демографија и млади, тогаш би се променила формулата и би била линеарна“, додаде таа.

„Во овој момент е така поставено. Додека не биде некоја промена дали ќе биде линеарно или процентуално останува процентуалното.  изјави Димитриеска Кочоска, министерка за финансии.

Ако се примени постојното законско решение, сите пензионери ќе имаат повисока пензија за одреден процент…

Најнови вести од: Македонија

Преговорите за решавање на проблемот на транспортерите за влез и излез од ЕУ се одвиваат добро, вели Николоски

Министерот за транспорт Александар Николоски вели дека преговорите за решавање на проблемот на транспортерите по воведувањето на ЕЕС системот за влез во ЕУ одат добро и оти до 30 септември кога тој треба да почне да се применува за македонските транспортери има време да се завршат сите процедури

Ѓорѓиевски: Се комплетира првата фаза од булеварот „Македонија“, со кој Скопје ја добива првата подземна сообраќајница

Се поставуваат последните слоеви асфалт на потегот од Стара Рампа до семафорите кај Црвениот Крст, на еден од најзначајните, но и за мене особено важни инфраструктурни зафати во градот, булеварот „Македонија“, објави денеска градоначалникот на Град Скопје Орце Ѓорѓиевски на својот фејсбук профил

По повод Цветници црквата „Успение на Пресвета Богородица“ во Дебар преполна со верници од сите делови на државава

Црквата „Успение на Пресвета Богородица“ во Дебар беше претесна да ги прими повеќето стотици верници, кои ги имаше од сите делови на нашата држава, кои пристигнаа по повод празникот на влегувањето на Господ Исус Христос во Ерусалим – Цветници, како најава за конечниот триумф на животот над смртта

Најнови вести

To top