Македонија

Нема кампови, ќе има пријави: Мицкоски со тврд став против СДСМ и паниката која ја создадоа меѓу граѓаните

Советниците на ВМРО-ДПМНЕ следната недела ќе достават документи до општинските совети со кои ќе се гарантира дека нема да се градат мигрантски кампови, најави премиерот Христијан Мицкоски.

Советниците на ВМРО-ДПМНЕ следната недела ќе достават документи до општинските совети со кои ќе се гарантира дека нема да се градат мигрантски кампови, најави премиерот Христијан Мицкоски.

Целта на оваа иницијатива е да се потврди ставот на партијата против нелегалната миграција и да се смират граѓаните. Истовремено, Мицкоски ги повика надлежните институции да покренат постапки против функционерите на СДСМ за ширење страв и паника, согласно Кривичниот законик.

„Кога веќе официјално стигнува демант од Претседателот на Владата, од соодветните министерства… мислам дека сега од тој момент па натаму вие го поминувате Рубиконот и вие свесно, и покрај демантите, ширите паника и страв помеѓу граѓаните. За тоа во кривичниот законик се предвидени одредени санкции. Јас ги повикувам соодветните органи да излезат од тие октоирани стеги на претходната влада… и против овие лица да покренат процеси“, рече Мицкоски.

Според него, иронично е што обвинувањата доаѓаат од СДСМ, партија чија влада, како што тврди тој, во минатото гласала за изградба на прифатни центри.

Најнови вести од: Македонија

И оние што во летната сезона ќе работат во странство ќе мора да платат данок кон УЈП

Голем број македонски студенти кои во изминатите пет години учествувале во програмите за летна работа во Германија (Work & Travel) се соочуваат со неочекувани барања од Управата за јавни приходи (УЈП) за пријавување и оданочување на нивните приходи остварени во странство, пишува инстаграм страницата Студентарија.

To top