Македонија

Нема веќе влечки, шорцови, тренерки, разголеност: МВР воведе дрес-код во Одделот за граѓански работи

Кодексот на облекување мора да го почитуваат и вработените во Одделот, и странките, напомнуваат од Министерството

Министерството за внатрешни работи реши да воведе ред во начинот на облекување и на вработените, и на странките што доаѓаат по документи во Одделот за граѓански работи.

„Како институција која е постојан сервис на граѓаните, веруваме дека соодветното облекување придонесува кон подобра работна атмосфера и почитување на државните институции. Во таа насока, ги замолуваме сите граѓани пред доаѓање во нашите простории (за подигнување лични документи, пасоши или други административни услуги) да се погрижат нивниот изглед да биде во рамките на општоприфатените норми за јавни институции.

За неприфатлива облека при влез во службените простории на Одделот за граѓански работи се смета:
​премногу кратка облека (многу куси и многу тесни здолништа, како и здолништа кои не се соодветни за институција и куси панталони дизајнирани за плажа или спортски настани);
​облека која прекумерно го открива стомакот, градите или долната облека;
​облека кој вообичаено се користи во домот, на плажа или во ноќни клубови;
​тренерки и облека наменета исклучиво за спортски активности;
​облека со навредлива содржина (текстови, слики или амблеми кои можат да бидат навредливи за околината и
​несоодветни обувки (влечки, папучи, кломпи, налани, апостолки).

Истовремено, напоменуваме дека и сите вработени во Одделот се задолжени доследно да го почитуваат утврдениот кодекс за облекување наменет за вработените во Министерството“, се вели во соопштението.

 

Најнови вести од: Македонија

Приказната за „Силјан Штркот“, која е дел од изданието „Бајки од Македонија за цела година“, оживува и во нова сликовница

Антологиската едиција „Бајки од Македонија“ продолжува да создава нови креативни форми за бајките од македонското народното творештво

Од 20 до 30 август Kарпош станува културна сцена: Започнува „Карпошово културно лето’’

Нокаут, Игор Џамбазов и Гуру Харе, Дац и Александар, Александар Тарабунов –Тара, Тумбао со Гиш, Day Off, кино на отворено, изложби, детска програма и фолклор во десет фестивалски дена на повеќе локации низ Карпош

Мацинка: Приоритетна цел на Чешка е Македонија да стане час поскоро членка на ЕУ

Република Чешка го поддржува членството на Македонија во Европската Унија и е подготвена да направи сè што е потребно таа час да стане членка на Унијата, порача денеска заменик-претседателот на Владата и министер за надворешни работи на Чешката Република, Петр Мацинка, по средбата со министерот за надворешни работи на Македонија Тимчо Муцунски.

Мацинка: Членството на Македонија во ЕУ е приоритет за Република Чешка

Чешка е подготвена да придонесе во процесот за постигнување решение прифатливо за Скопје и за Софија, изјави денеска чешкиот министер за надворешни работи Петар Мацинка, кој се наоѓа во официјална посета на земјава

To top