Македонија

Неофицијално: Се запленуваат рекордни 27 тони марихуана низ Македонија

Бројот на осомничени и точните квалификации на кривичните дела во македонскиот дел од истрагата ќе бидат соопштени по завршување на целосната истражна постапка, кога се очекува и официјална потврда за вкупната заплена од над 27 тони марихуана.

Вечерва во Скопје полициските сили ја завршуваат заплената на речиси десет тони марихуана, која е директно поврзана со петте тони одземени претходно во Србија.

Дрогата била складирана во објект на компанијата осомничена за учество во нелегалниот шверц, според информации од извори вклучени во истрагата.

Паралелно се спроведува и втора акција на повеќе локации надвор од главниот град, каде што се одземаат дополнителни осумнаесет тони марихуана. Според неофицијални сознанија, втората заплена се одвива во регионот на Струмица.

Операцијата, која трае во текот на целиот ден, ја координира Министерството за внатрешни работи под надзор на Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција.

Со овие дејствија вкупната одземена количина изнесува околу 27 тони марихуана, што претставува најголемата позната конфискација на наркотични средства во историјата на Република Македонија.

Акцијата следи по настаните од пред четири дена, кога во Србија беа откриени и одземени пет тони марихуана.

Српските власти соопштија дека дрогата потекнувала од Македонија и била наменета за тамошниот пазар, а била складирана во магацин поврзан со семејство од село во околината на Крушевац.

Во центарот на истрагата се наоѓа трговското друштво „Алфафарм ДОО Скопје“, регистрирано во 2023 година со дејност одгледување и преработка на билки, ароматични и лековити растенија за фармацевтски цели.

Според податоците од Централниот регистар, друштвото располага со основен капитал од околу 529.000 евра и има повеќе ко-сопственици.

Забележително е што во сопственичката структура се случиле промени непосредно пред заплената на петте тони во Србија.

Македонските институции засега не објавуваат официјални детали, со образложение дека акцијата е сè уште во тек.

Во кругот на поранешниот индустриски комплекс ОХИС, каде што е регистрирано седиштето на „Алфафарм ДОО Скопје“, забележано е засилено присуство на полициски сили, истражители од Обвинителството и медицински лица.

Во Србија, според официјалните информации, осомничени се пет лица, од кои две се уште се недостапни за органите на прогонот. Тие се товариат за неовластено производство и ставање во промет на наркотични дроги.

Бројот на осомничени и точните квалификации на кривичните дела во македонскиот дел од истрагата ќе бидат соопштени по завршување на целосната истражна постапка, кога се очекува и официјална потврда за вкупната заплена од над 27 тони марихуана.

Најнови вести од: Македонија

Бајрам Бегај во официјална посета на Македонија

Денеска и утре ќе биде во Скопје, при што ќе одржи средби со претседателката Гордана Сиљановска-Давкова и со претставници на државниот врв, а негова средба е најавена и со градоначалникот на Општина Чаир, Изет Меџити.

#НетБезХејт: Децата ко-креираат побезбедна дигитална средина во Македонија

Деца и адолесценти денес беа во центарот на вниманието на настан посветен на врсничко застапување против сајбер-насилството и говорот на омраза на интернет, организиран од УНИЦЕФ и Фондацијата Телеком за Македонија, во соработка со Сојузот на извидници на Македонија.

To top