Македонија

Несими: Преименувањето на албанската опозиција како „Национална алијанса за интеграција“ е фарса и измама, целосно се дезориентирани!

„Националната алијанса за интеграција е привремен политички проект, ориентиран повеќе од личните интереси на своите лидери отколку од јавниот интерес, и се движи кон тоа да заврши“ – констатира политичкиот аналитичар во својата колумна.

Албанската опозиција, сега преименувана со кратенката Национална алијанса за интеграција (НАИ), е целосно дезориентирана. Партиите што ја сочинуваат оваа опозиција имаат толку фундаментални проблеми, што дури не можат да си најдат ниту соодветно име. Почнаа со Европски фронт, па преминаа на Национален фронт и сега заврши со комбинацијата на зборовите Национална алијанса за интеграција. – нагласува политичкиот аналитичар од Тетово Флоријан Несими во својата колумна со наслов „Портрет на Националната алијанса за интерација – НАИ: бркотница и нејаснотија“, која ја објави весникот на албански јазик „Лајм“.

Натаму Несими пишува: Последното преименување во НАИ помина без голема врева во јавноста. Граѓаните ги разбраа нивните манипулации: знаат дека промената на името е само уште една фарса. Затоа, граѓаните одлучија да не ѝ обрнуваат нималку внимание на оваа лукава измама. Веќе се предвидува дека веднаш по локалните избори Националната алијанса за интеграција ќе биде принудена повторно да го промени своето име. Ова ќе се случи, затоа што таа коалиција не се води од никаква заедничка идеја, или од јасна политичка ориентација, туку само од личните интереси на некои од нејзините протагонисти. Оваа претстојна промена на името ќе биде доказ за длабоката криза на идентитетот на оваа коалиција.

Албанската опозиција нема ниту внатрешна кохезија. НАИ  беше создадена без свечено потпишување на договорот, а општините беа поделени без писмен договор. Кога беше создаден „Европскиот фронт“, договорите беа свечено потпишани од страна на партиските лидери. Во случајот со Националната алијанса за интеграција – НАИ ова не се случи. Тоа ја покажува кршливоста на оваа опозициска коалиција, која нема никаква заедничка кауза, туку само голема желба за власт.

Немањето кохезија внатре во НАИ ќе се забележува уште повеќе за време на изборната кампања, кога политичките актери на оваа коалиција ќе мора да водат заедничка кампања. Кампањата ќе биде уште потешка за кандидатите на НАИ во општините, од кои ДУИ се откажа. Тие ќе бидат принудени да даваат отчет и да ја бранат четиригодишната работа на сегашните претседатели на тие општини од редовите на ДУ, кои во повеќето случаи не реализирале ниеден конкретен проект.

Кога оваа опозициска коалиција функционира со сета ваква  конфузија и двосмисленост не може да понуди ништо ново. Уште повеќе кога нивниот внатрешен дух е насочен од личните интереси на некои протагонисти, а не од визијата за иднината на Албанците во С.Македонија. Националната алијанса за интеграција е привремен политички проект, ориентиран повеќе од личните интереси на своите лидери отколку од јавниот интерес, и се движи кон тоа да се потроши, да заврши. – заклучува Флоријан Несими во својата колумна.

Најнови вести од: Македонија

Туфегџиќ: Јавното обвинителство нема контакт со реалноста и Савески, како „свежа крв“ во правосудството, ќе наметне нов пристап во неговото дејствување!

Адвокатот и поранешен судија Владимир Туфегџиќ оцени дека изборот на Ненад Савески како државен јавен обвинител претставува значајна можност за суштински промени во правосудниот систем, но изрази изненадување што изостанала јавна поддршка од институциите. Туфегџиќ јавно му даде поддршка на Савески, порачувајќи дека пред него стои сериозна задача, но и можност за вистинска преобразба на обвинителството. Тој  смета дека Савески има „огромна одговорност и историска шанса“ да поттикне позитивни движења и реални реформи, кои би ја вратиле довербата во институциите. 

Мицкоски со честитка за Рамазан Бајрам: Како народ отсекогаш сме знаеле да стоиме еден покрај друг

Во овие свети денови, кога се заокружува месецот на пост, трпение и на духовна посветеност, да се потсетиме на вистинските вредности што нè обединуваат како луѓе – почитта, солидарноста, хуманоста и грижата за другиот.

To top