Македонија

Несими: Распадот на ДУИ започна кога ги набрка интелектуалците и го забрани критичкото мислење!

„Молчењето и нереформирање во ДУИ создава празнина на теренот и политички вакуум. Но, во политиката празнината никогаш не останува празна. Секогаш ја пополнува некој друг. Колку подолго опозицијата останува без реформи и без визија, толку повеќе се отвора терен за нова опозиција. Политичката историја на секоја земја покажува дека таму каде што старите партии не се реформираат, секогаш се појавуваат нови алтернативи.“ – нагласува политичкиот аналитичар од Тетово Флоријан Несими во својата колумна.

„ДУИ, партијата што владееше со секоја пора од институционалниот живот две децении, денес го избра молчењето и избегнувањето на одговорноста како единствена форма на комуникација. ДУИ, која повеќе од 20 години беше вистинската моќ на Албанците, денес не успева да артикулира ниеден став, ниту самокритика и не е во состојба да создаде нова визија. Молчењето и нереформирањето на ДУИ создава празнина на теренот и политички вакуум. Но, во политиката празнината никогаш не останува празна. Се отвора терен за нова опозиција и во таквите ситуации секогаш се појавуваат нови алтернативи.“ – пишува политичкиот аналитичар Флоријан Несими од Тетово во својата колумна со наслов „Распаѓањето на ДУИ започна кога ги отстрани интелектуалците и го забрани критичкото мислење“, која ја објави весникот на албански јазик „Лајм“ од Скопје.

Несими пишува: Ниеден пратеник, ниту еден поранешен функционер или кој било член на раководството на оваа партија не дал барем едно критичко мислење за јавноста. Ова молчење од личности, кои со години држеле клучни позиции, покажува дека недостасува внатрешна дебата и политичка храброст во оваа партија. Целата оваа ситуација е трагична бидејќи зборува за недостатокот на интелектуалци во  оваа политичка структура. Додека беа на власт, нејзините лидери систематски ги исфрлија сите интелектуалци, критичари и луѓе со професионално размислување, со што создадоа затворена и целосно некомпетентна структура. Партијата, која ги исфрли својот интелектуален капацитет, повеќе нема механизми, ниту потребна култура за да се реформира.

Денес ДУИ страда, поради тоа што беше модел изграден во текот на 22 години, каде што никогаш не се негувале различни мислења, додека внатрешната дебата е заменета со слепа лојалност кон претседателот. ДУИ денес молчи, затоа што нема што да каже, но туку молчи и поради тоа што нема кој да зборува.Сите главни личности на оваа партија се политички исцрпени и без перспектива, но тие продолжуваат да остануваат на политичката сцена, поради нивната лојалност кон претседателот. Оваа партија целосно не успеа да создаде нови професионални кадри и луѓето сè уште се промовираат таму врз основа на лојалност, а не на знаење.

Реформите во оваа партија никогаш нема да се случат поради одбивањето да се прифати поразот на последните избори. Ако партијата го прифати поразот на изборите, тогаш ќе следат анализа на резултатите, внатрешна дебата, прифаќање на пораката на гласачот, а потоа ќе следат оставки и формирање на нов лидерски тим. Неуспехот во реформирањето и недостатокот на нов политички концепт укажуваат дека загубите ќе продолжат и на следните избори. Ова е затоа што во политиката сè што паѓа не може повторно да се издигне.

 

 

 

Најнови вести од: Македонија

OLED телевизорите и мониторите на Самсунг (Samsung) за 2026 година се компатибилни со NVIDIA® G-SYNC™ за елитно ниво на гејминг перформанси

Samsung OLED телевизорите и гејминг мониторите од 2026 година се G-SYNC компатибилни, поседуваат стапка на освежување од следната генерација и напредна технологија на екранот за ултра-глатко, извонредно гејминг искуство

Д-р Дума: Испраќањето мозоци не беше за профит, туку за научна соработка

Во проектот учествувале поранешниот директор на Институтот за судска медицина Алексеј Дума и д-р Горазд Росоклија, лекар со потекло од Македонија кој работи на Универзитетот Колумбија во Њујорк. Тоа ни овозможи размена на искуства со САД, вели д-р Дума

Прифатен предлогот на Мицкоски за раст на платите, договорена средба со УПОЗ на 5 февруари

Премиерот Христијан Мицкоски во четврток ќе оствари средба со Синдикат на работниците од управата, правосудните органи и здруженија на граѓани, УПОЗ. -Откако премиерот даде понуда за раст на платите, синдикатот УПОЗ ја прифати и за неа треба дополнително да се разговара во рамки на синдикатите, дознава Курир. Претходно и синдикатот на Благоја Ралповски, КСС, ја […]

Димитриеска-Кочоска: Криминалот не смее и нема да биде исплатлив! – Незаконски стекнатиот имот ќе биде одземан!

„Нашата порака е јасна – криминалот не смее и нема да биде исплатлив. Со системски пристап, силни институции и јасна одговорност ќе создадеме услови нелегално стекнатиот имот да биде идентификуван, одземен и вратен во функција на општеството.“  – изјави министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска во обраќањето на конститутивната седница на Националниот совет за финансиски истраги и конфискација на имот.

To top