Македонија

Нетпрес: По натпревар кај Беса во Слупчане крвнички претепан голманот на ФК Аеродром, заврши во болница

Се очекуваат детали и официјални соопштенија од МВР и вмешаните клубови за инцидентот.

Претепан е голманот на ФК Аеродром на гостувањето кај ФК Беса во Слупчане во рамките на Третата фудбалска лига Север, известија читатели на новинската агенција Нетпрес.

Според истите извори, поради тежината на повредите, гостинскиот голман е пренесен во градската болница во Скопје, а во полициска станица е претседателот на ФК Аеродром.

Видео

Најнови вести од: Македонија

Бендевска: СДСМ не беа и на денешната средба за Изборниот законик, немаат демократски капацитет и ги сопираат реформите!

Претставничката на ЗНАМ во работната група за реформи во изборното законодавство Весна Бендевска денеска во име на Движењето ЗНАМ искажа длабоко разочарување, поради повторното недоаѓање на СДСМ на оваа средба, нагласувајќи дека токму нивното отсуство говори за немање демократски капацитет.

Директорот на Историскиот музеј во Крушево Миха Оџаклиески поднесе оставка по реакциите за „Секси мама“ во „Македониумот“,

Оџаклиески ја опиша својата одлука како личен, морален и етички чин, со кој, како што наведува, презема одговорност кон институцијата и јавноста. Оставката доаѓа по реакциите за снимањето на спотот на косовскиот рапер Дон Џони во внатрешноста на „Македониумот“, кој е заштитено културно наследство.

Проверете си ги радијаторите!

Од Регулаторната комисија упатија апел до сите заедници на станари навреме да ги проверат внатрешните инсталации во објектите и да ги подмират евентуалните заостанати сметки за електрична енергија за топлинските потстаници, со цел старт на грејната сезона без неочекувани прекини и проблеми

To top