Македонија

“Незрело”: Мицкоски за одбивањето на Филипче да присуствува на лидерска средба

Реакцијата на Мицкоски доаѓа по прес-конференција на лидерот на СДСМ, Венко Филипче, кој рече дека нема да има средба за техничката влада откако премиерот најави дека ќе упати покани до парламентарните политички партии за лидерска средба.

Ставот на лидерот на СДСМ, кој соопшти дека одбива да учествува на лидерската средба на која повикува премиерот, и на која според најавите треба да се разговара за реформските закони и за укинувањето на техничката влада што се избира 100 дена пред парламернтарни избори, премиерот Мицкоски го оцени како незрел и неодговорен, додавајќи дека тема на оваа средба не е предвидено да биде само Законот за владата, туку и други важни прашања.

Одговарајќи на новинарско прашање премиерот рече оти сметал дека со повикот за лидерска средба ќе покажат зрелост и широчина и оти тоа ќе биде можност за обединување на сите политички чинители кои имаат свои пратенички групи во Собранието околу прашања важни за напредокот на државата.

„Тема на лидерската средба не беше само Законот за влада. Ако ние се однесуваме неодговорно како што се однесува тој и генерално опозицијата, нам не ни е потребна лидерска средба, ние со 61 глас може да го смениме Законот за влада и да ја избришеме техничката влада, не ни е потребно мислењето на опозицијата. Но, сакавме процесот да биде инклузивен, и покрај тоа што имаме огромно мнозинство градоначалници, речиси двотретинско мнозинство во Парламентот, така што, ако сакавме да се однесуваме незрело и неодговорно како што се однесуваат тие можевме и без лидерска средба – рече премиерот Мицкоски.

Сакавме да поразговараме и за реформските закони, кои исто така треба да се донесат во  Парламентот, додаде Мицкоски.

„Да разговараме за Изборниот законик, Законот за Јавното обвинителство и за другите реформски закони од правосудството, како Законот за јавнообвинителска и судска служба, за Законот за Советот на јавни обвинители. Сакавме да разговараме и за народниот правобранител. Има многу закони кои ценев дека треба да се донесат во инклузивен процес“, рече Мицкоски.

„Ќе повторам – додаде премиерот – нам апсолутното мнозинство ни овозможува тоа да го направиме и без консултации.

„Имаме неодговорна, неконструктивна опозиција, безидејна, која се служи со вакви квалификации какви што слушнавме од Филипче. Ваквиот тип однесување во јавноста е составен дел од неговиот менаџерски договор што го потпишал со СДСМ, па претпоставувам дел од обврските од тој договор се ваквите коментари за Владата и одбивањето на ваквите средби. Но, тоа е негов избор“ рече премиерот.

Тој додаде дека денеска или утре формално ќе бидат доставени поканите за средбата која е планирана да се одржи на 14 јануари во Клубот на пратеници.

 

 

Најнови вести од: Македонија

Нов повик за инвертер-климатски уреди: првпат целосно електронско пријавување со забрзана и поедноставена постапка!

Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини објавува јавен повик за доделување потврда – ваучер за купување и вградување на инвертер клима уреди, наменет за заштита на ранливите потрошувачи на енергија за 2026 година. Рокот за поднесување на барања изнесува 30 дена од денот на објавување на јавниот повик.

Ново семејно насилство: Скопјанецот Љ.И. (35) ја претепал сопругата (31) и ја избркал од дома, а четирите деца ги затворил во тоалет!

Вчера, на 2 април 2026 година околу 19 часот во СВР Скопје 31-годишна жена пријави дека во домот на подрачјето на Бит Пазар нејзиниот сопруг Љ.И.(35) ја заклучил во тоалетот, а по некое време и физички ја нападнал, по што ја избркал од домот.

Кадриу: Да поднесеше Ристоска оставка при примопредавање на прислушкуваните материјали кога ја уриваа државата, ќе ѝ поверував дека е принципиелна!

Адвокатката и поранешна обвинителка Лејла Кадриу реагираше по оставката на обвинителката Ленче Ристоска, оценувајќи дека станува збор за „бегство од одговорност“, а не за принципиелен чин.

Велигденска порака на Скопскиот бискуп и Струмичко–скопски епарх Киро Стојанов (ВИДЕО)

Среде вознемиреностa во светот да се молитме за мир и напори да се запре татнежот на бомбите, да се замолчи оружјето и да се даде можност на дијалогот во кој можат да се слушнат гласовите на народите

Најнови вести

To top