Македонија

„Ни мртва нема да го направам“ – Сиљановска-Давкова: Не договарам уставни измени зад затворени врати

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова изјави дека постојат правни и политички механизми со кои Европската Унија може да понуди дополнителни гаранции за земјите кандидати, но истовремено категорично порача дека нема да прифати уставни измени договорени надвор од институциите

Во интервју за емисијата „360 степени“ на МРТ 1, таа рече дека е можно Советот на ЕУ да донесе интерпретативни заклучоци со општ карактер, со кои идентитетските прашања не би можеле да бидат услов за водење на пристапните преговори.

„Можно е интерпретативно правно мислење дека идентитетските права и прашања не можат да бидат услов за влегување или за почеток на преговори во ЕУ. Не велам дека директно ќе се примени за нас, туку зборувам за можните креативни решенија“, рече претседателката.

Во однос на правото на вето, Сиљановска-Давкова истакна дека не станува збор за негово укинување, туку за ограничување на неговата примена во текот на преговарачкиот процес.

„Идејата е ветото да не може да се употребува за кластерите и поглавјата, туку да остане само за конечната одлука за членство“, рече таа.

На прашањето дали власта бара само политички компромис за да го зачува својот кредибилитет, претседателката одговори дека за неа најважна е доследноста кон принципите што ги застапувала и претходно.

„Образот се чува ако сте доследни на она што сте го кажале. Јас, кога уставните измени беа на дневен ред, дискутирав и гласав против. Не можам јас во договор со амбасадори или некои други, во просториите на кабинетот, да договарам уставни измени“, рече Сиљановска-Давкова.

Таа нагласи дека никој не може однапред да гарантира дека Собранието ќе донесе уставни измени, бидејќи тоа би значело суспендирање на парламентарната демократија.

„Јас тоа ни мртва нема да го направам, морам да ви кажам. Пратениците не ме претставуваат мене, ниту Европската Унија. Тие ги претставуваат граѓаните и гласаат по свое уверување,“ истакна претседателката.

Според неа, решението за надминување на спорните прашања со Бугарија не лежи само во правните механизми, туку и во градењето доверба меѓу двете држави преку инфраструктурни проекти, универзитетска соработка и почести контакти меѓу граѓаните.

„Верувам дека преку мерки за градење доверба, соработка и повеќе комуникација ќе почнеме поинаку да гледаме едни на други. Вината е на обете страни“, порача Сиљановска-Давкова.

Најнови вести од: Македонија

(Фото): Во Македонија една третина од смртните случаи се од кардиоваскуларни заболувања

Од кардиоваскуларни заболувања минатата година во земјава починале 6.888 лица, а овие заболувања учествуваат со 34 отсто во вкупниот морталитет. Со стапка на смртност од 378,4 на 1.000 жители, кардиоваскуларните заболувања се на прво место меѓу причините за смртност.

Поплавена зградата на „Нова Македонија“

Пет до шест дена ќе бидат потребни за нормално функционирање на зградата на „Нова Македонија“, откако е утврдено дека поплавата ја предизвикала пукната топловодна цевка на вториот кат, изјави директорот на Службата за општи и заеднички работи на Владата, Ивица Томовски.

Стојков: Грција и Бугарија ќе го користат примопредавањето на моштите на македонскиот цар Самуил за пропаганда против Македонија!

„Свечената“ објава на бугарскиот премиер Румен Радев дека в сабота, на 3 октомври, Грција ќе ѝ ги предаде посмртните останки од цар Самуил (починат 1014 година), одекна не како историско-научна сензација, туку токму така како што беше и конструирана – со политичко тенденциозност спрема Македонија. Ова се нагласува во статијата со наслов „Стојков: Не е сигурно дека моштите се на цар Самуил, а Бугарија и Грција немаат ни правна основа за нивно примопредавање“, која ја објави информативниот портал „МКД.мк“

(ВИДЕО) Разбиена е криминалната и терористичка група од Скопје, кај која е пронајдено знаме на „Исламска држава“! – Кривична пријава за тројца (Видео)

МВР информира дека вчера Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал во соработка со Агенцијата за национална безбедност, Одделот за специјални полициски операции и СВР Скопје, под раководство на надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, спроведе координирана полициска акција, во која е сузбиена организирана криминална група од Скопје, инволвирана во вршење на кривични дела од областа на тероризам и недозволена трговија со оружје.

To top