Македонија

Ни помалку, ни повеќе – само 5.000 турски државјани бараат македонски пасош

Во 2021 година Владата на Македонија донесе закон што предизвика голема радост кај нас, со кој на иселените лица и нивните први роднини им се овозможува право да поднесат барање за двојно државјанство. Искрено им благодариме на Владата и на сите институции и претставници кои придонесоа за овој важен и значаен чекор. Но, иако поминаа […]

Во 2021 година Владата на Македонија донесе закон што предизвика голема радост кај нас, со кој на иселените лица и нивните први роднини им се овозможува право да поднесат барање за двојно државјанство. Искрено им благодариме на Владата и на сите институции и претставници кои придонесоа за овој важен и значаен чекор. Но, иако поминаа речиси четири години, сѐ уште немаме конкретен одговор, иако сè уште со надеж чекаме, се вели во јавното обраќање на група на апликанти од Турција за македонско државјанство.

„Овој закон, кој ги обединува нашите срца со татковината, отвори врата за десетици илјади луѓе да се вратат, барем формално, на земјата на нивните предци. Ние, исто така, со голема верба ги поднесовме нашите апликации за државјанство. Во нашата група на социјалните мрежи има околу 5.000 луѓе кои со нетрпение го очекуваат денот кога ќе ја добијат веста дека конечно стануваат државјани на Македонија – вест која ќе го официјализира нашето културно, историско и емоционално поврзување со татковината.

Од надлежните институции и претставници на Северна Македонија бараме: постапките за обработка на апликациите да се забрзаат, да се донесат позитивни решенија за оние кои ги исполнуваат условите и да се заврши овој историски процес со радост и достоинство. Ова не е само административна процедура – тоа е симбол на нашата културна припадност, почит кон предците и верба во иднината“, се вели во писменото обраќање на група државјани на Турција по потекло од Македонија.

Најнови вести од: Македонија

Две лица загинаа а петмина се повредени во судар на два автомобила на патот Прилеп – Росоман близу Плетвар

„Врз телата на починатите ќе биде извршена обдукција. Кај преживеаниот возач ќе биде испитано можно присуство на алкохол и други супстанции. Се преземаат дејства за утврдување на причините за несреќата.“ – соопштија од Обвинителството.

Ужасна трагедија во Тузла! Пожар избувна во дом за стари лица, десет мртви и многу повредени! (Видео)

Голем број од повредените се префрлени во Универзитетскиот клинички центар во Тузла, каде што добиваат итна медицинска помош. Меѓу повредените има и полицајци, кои учествувале во спасувањето на жителите на домот. – објавуваат медиумите од Босна и од Хрватска.

Даути: Освоените 10 општини се 10 печати на легитимитетот на Вреди како претставник на Албанците, кои ја казнија ДУИ, оти ја злоупотреби власта!

Во својата објава на фејсбук заменик-директорот на Царината на Македонија Мустафа Даути нагласува дека „целосен пораз доживеа и Националната алијанса за интеграција – коалицијата на ДУИ и Ахмети со двете крила на Алијансата за Албанците на Зијадин Села и Арбен Таравари“. „Конечно, Села и Таравари како двајца лекари ѝ помогнаа на ДУИ да замине од клиничка во биолошка смрт. Вреди се бетонира како единствена опција што работи пред да ветува, која дејствува пред да биде доцна.“ – посочи на општествената мрежа Мустафа Даути.

Блерим Беџети не е повеќе координатор на пратеничката група на ДУИ во Собранието, тврди дека „сам ја напуштил таа позиција“!

Вчера централното претседателство на ДУИ расправаше за дебаклот што ја доживеа оваа партија на локалните избори и прашање е дали ова „самостојно повлекување“ на Блерим Беџети од позицијата на шеф на нивната парламентарна група е поправо почеток на бранот оставки во врвот на Демократската унија за интеграција?! Вчера нејзиното раководство одлучи да се одржи конгрес до 20 декември 2025 година и претстои да се види што ќе се случува во тетовска Мала Речица во наредните денови и седмици, дали конечно ќе дојде до заминување на лидерот на ДУИ Али Ахмети во „политичка пензија“?!

Започна 16-тата Школа за млади лидери „Младинска агенда за одржлив свет“

Школата за млади лидери е иницијатива на претседателот Иванов, започната во 2010 година, на почетокот на неговиот прв претседателски мандат. Во изминатите 15 изданија, преку програмата поминале околу 600 млади од земјата и странство, а речиси 400 реномирани предавачи од Македонија, Европа и светот го споделиле своето знаење и искуство. Во 2018 година, проектот „Школа за млади лидери на Претседателот Иванов“ беше прогласен за најдобар социјално одговорен проект во Европа за 2017 година од страна на Светскиот инвестициски форум на бизнис ангели.

Најнови вести

To top