Македонија

Николоски: Ако не се почитуваат принципите на ВМРО-ДПМНЕ и на Владата, нема решение со Бугарија

Уставни измени под бугарски диктат се неприфатлици за власта и за владејачката партија, потврди вицепремиерот

Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски го повтори цврстиот став на неговата партија и на Владата дека нема решение со Бугарија без почитување на принципите поврзани со македонскиот национален идентитет.

„Нема ништо тајно. Владата има јасна и цврста позиција дека нема да прифати уставни измени под бугарски диктат. Нормално е двете држави да комуницираат, нема ништо страшно во комуникацијата. Поентата е дека доколку се најде решение, тоа ние инсистираме и така ќе биде, да биде во рамки на принципите коишто ги има ВМРО-ДПМНЕ и Владата. Ако тие принципи не се почитуваат, тогаш нема да има решение. Поедноставно од ова не можам да го кажам“, изјави Николоски во „Тема на денот“ на ТВ Сител.

Најнови вести од: Македонија

To top