Македонија

Николоски: Индициите за злоупотреби се големи, правда мора да има

Николоски даде краток осврт на некои проекти кои се во план и кои ќе бидат поддржани од владата и министерството за транспорт и врски

Во Валандово вечерва ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата одржаа мини-митинг. Прв говорник беше потпретседателот на партијата, Александар Николоски.

Николоски даде краток осврт на некои проекти кои се во план и кои ќе бидат поддржани од владата и министерството за транспорт и врски. Тој исто така повика за масовно гласање во вториот круг и поддршка за кандидатот, Ѓоко Камчев.

– И она што го кажавме во првиот круг. Ајде сериозно да ја испитаме работата на актуелниот градоначалник, затоа што индициите за злоупотреби се големи. Мора и правда да има покрај реализација на проекти, порача Николоски.

Најнови вести од: Македонија

Утре е Велика Сабота – ако го испочитувате овој обичај, сè ќе тргне на подобро

Кога е во прашање овој ден, многу православни верници се во недоумица дали се пости или не. Иако саботата важи за ден кога по правило не се пости строго (туку на масло), свештениците велат дека на Велика сабота треба да се пости исто како и на Велики петок (на вода). На Велика сабота не е добро да се оди во лов и риболов, а се забранува и колење на стока и живина.

Стружани за Велигден негуваат традицијата во која се преплетуваат литургиската свест, симболиката на празникот над празниците и културниот идентитет

Во деновите кога православните христијани со молитва и надеж го очекуваат Христовото воскресение, во охридско-струшкиот регион сè уште живее еден стар обичај длабоко вкоренет во духовната традиција

To top