Македонија

Николоски: Лидерската средба е доброволен чин, ако СДСМ сака сама да се изолира, не можеме ништо да сториме

Вели дека се подготвени на лидерската средба да разговараат за се и дека нема да отфрлат ниту една тема

Потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски, кој е и актуелен заменик претседател на Владата и министер за транспорт, вели дека утрешната лидерска средба е доброволен чин и дека е иницирана од страна на владејачката ВМРО-ДПМНЕ за да се разговара за најкрупните прашања кои во моментот се во политичкиот фокус на државата.

– Мислам дека премиерот и ВМРО-ДПМНЕ покажаа една големина имајќи предвид дека имаме скоро двотретинско мнозинство во Собранието, една крајно комотна позиција која не е условена од било какви преговарања или договарања. Без разлика на тоа, решивме да иницираме лидерска средба за најкрупните прашања кои сметаме дека во моментот се во политичкиот фокус на државата. Ако направам споредба со едни други времиња во кои ВМРО-ДПМНЕ без разлика што беше во опозиција и имаше повеќе пратеници од СДСМ, само да се потсетиме како тогаш изгледаше тоа, воопшто не сакаа да комуницираат и се случуваа лидерски средби колку да се случат, изјави вечерва Николоски за централниот дневник на телевизија Сител.

Али Ахмети ќе учествува на утрешната лидерска средба

За одвивањето на СДСМ да присуствува на лидерската средба, Николоски вели дека ако СДСМ сама сака да се изолира, тогаш ВМРО-ДПМНЕ не може ништо да стори.

– Тука има еден чуден момент во јавноста, а тоа е дека СДСМ станува Левица, а Левица станува СДСМ во смисла на тоа дека она што беше симбол на деструкција сега пополека го презема СДСМ. Видете, каков вординг користат, какви соопштенија лошо преведени од српски и после јасните барања по изборите за промена и мислам дека ќе стане јасно од каде доаѓа целата оваа деструкција, истакна Николоски.

Вели дека се подготвени на лидерската средба да разговараат за се и дека нема да отфрлат ниту една тема. – Дали ќе се договориме е комплетно друго прашање, вели Николоски.

Во однос на можноста за предвремени парламентарни избори, Николоски е категоричен дека парламентарните избори ќе бидат редовни и ќе се одржат во 2028 година.

– Парламентарни избори ќе има во 2028 година. Ако сакаме да има предвремени парламентарни избори, имаме доволен број на пратеници тоа да го изгласаме сами така што ова е една измислена тема која повторно покажува слабост кај СДСМ, смета Николоски.

За барањето за укинување на техничката влада, Николоски вели дека тоа е реална потреба и дека техничката влада го надминала времето и причините поради кои била создадена.

– Во 2015 година оваа техничка влада беше договорена во еден сосема друг политички контекст и беше решение на една политичка криза. До следните редовни парламентарни избори ќе поминат 12,5 години од таа политичка криза. Оваа техничка влада го надмина времето и причините поради кои беше создадена и ние сме единствена држава од нормалните демократии во Европа што го прави се уште ова, подвлече Николоски.

Прашан зошто на ова не се согласила ВМРО-ДПМНЕ кога била во опозиција, Николоски рече дека било инцирано од нивна страна, но дека единствената причина зошто не била укината техничката влада бил договорот меѓу СДСМ и ДУИ, за ДУИ добие премиер и тоа се случило. Талат Џафери стана премиер што беше надвор од сите изборни правила и затоа завршија на избори како што завршија, истакна Николоски.

Најнови вести од: Македонија

(Фото): Македонските државјани кои се во Мексико итно да ја напуштат државата поради немирите

Министерството за внатрешни работи ги повика македонските граѓани кои се наоѓаат во Мексико да ја напуштат државата поради влошената безбедносна состојба. Од МНР препорачуваат одложување на сите патувања кон Мексико кои не се од итен и неопходен карактер.

Повторно лажна паника – Аларм за дојави на бомби во училиштата

Лажната дојава за бомба е пријавена во 10 училишта во Тетово – четири средни и шест основни – поради што наставата не се одржа во ниту едно училиште во градот. Во меѓувреме, Секторот за образование во Тетово бара одговорност од надлежните органи за испраќањето на овие дојави и за безбедноста на учениците.

Законот за пушење: Терасите на локалите да бидат отворени од две, наместо од три страни

По денешната средба во Владата помеѓу владини претставници и луѓе од Туристичко-угостителската комора, договорено е терасите, односно летните бавчи на рестораните и кафе-баровите да мора да бидат отворени само од две страни, наместо првично предложените три страни, велат од секторот.

Кавадарци ќе го претвора винскиот отпад во нови производи

Преку Фондот за градски експерименти и процесот на зелена и дигитална трансформација, Кавадарци ќе прави чекор напред кон претворање на винскиот отпад во нови производи, развој на циркуларна економија и градење современа еко-туристичка понуда која ги поврзува винариите, културните знаменитости и локалните стопанства.

Нови можности за локалниот бизнис – Шведско-македонската стопанска комора отвора канцеларија во Скопје

Преку проекти за унапредување на локалната бизнис клима, Општината активно работи на подобрување на инфраструктурата, модернизација на административните услуги и директна поддршка на малите и средни претпријатија. Целта е да се унапредат условите за поефикасно водење бизнис, зголемена конкурентност и привлекување на нови инвестиции, кои ќе резултираат со нови работни места и одржлива локална економија.

ДУИ бара „правична и непристрасна постапка“ за Груби, ВМРО ДПМНЕ посочува дека ќе одговара за сите милиони евра, кои ги украл!

ДУИ „позитивно ја оценува одлуката на Артан Груби, да се врати во земјата“, оценувајќи дека „со тоа се создава можност да се изнесат сите аргументи и да се разјаснат прашањата преку транспарентна, правична и непристрасна постапка“. ВМРО ДПМНЕ денес реагираше по апсењето на Артан Груби: „Тој важи како  олицетворение на криминалот и корупцијата предводена од СДС и ДУИ, и конечно ќе се соочи со правдата. Криминалот на бегалецот од правдата Груби достигна над 8 милиони евра. Има укажувања дека оваа сума може да надмине десетици милиони евра, украдени од граѓаните. Дополнителен криминал на Груби заедно со неговиот другар Бајрами, тогашен директор на Државната лотарија, освен што местеле милионски тендери, е и исплаќање аванси на деловни соработници. За целиот овој милионски криминал на Груби знаеше и СДС, но само за да не му пропадне коалицијата и да му потрае власта, молчеше и го одобруваше, со што стана соучесник. Груби крадеше, СДС молчеше и одобруваше. Сега е време на одговорност.“

To top