Македонија

Николоски до Касами: Заврши политиката на етнички поделби и непринципиелни политики, соработката во Владата може да продолжи само врз основа на принципи и вредности

„Билал Касами не треба да се срами и да му биде непријатно тоа што Македонците во Тетово гласаа за него во првиот круг. Тој сега треба да им испорача на тие луѓе.“ – нагласи потпретседателот на ВМРО ДПМНЕ Александар Николоски.

„Ветивме дека ДУИ ќе оди во опозиција и тоа се случи после 20 години, а пензионирањето на Али Ахмети е прашање на време. Ако Билал Касами сака да биде алтернатива на нив, тогаш треба да биде целосно различен од нив.“ – порача во денешното гостување на Радио Лидер Александар Николоски.

„Ние ветивме минатата година дека ДУИ ќе оди во опозиција и тоа се случи после дваесет години. Во текот на кампањата и до формирање на владата, најголем број од луѓето не ни веруваа дека ова ќе го реализираме. Ние го направивме она, што сите го ветуваа, а не го направија. Второто што го ветивме е дека ние политички ќе го пензионираме Али Ахмети и еве го, само е прашање на време кога и како тоа ќе се случи и тоа.“ – рече Николоски.

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ испрати и порака до лидерот на БЕСА. Тој нагласи дека политиката на етнички поделби се удрила во ѕид и завршила неславно и оти соработката во Владата може да продолжи само врз основа на принципи и вредности.

„Основното, што треба да го разберат политичарите, е дека не можат да бидат алтернатива, ако се исти. Ако сака Билал Касами да биде во Тетово да биде алтернатива на Теута Арифи и на претходните, кои што биле таму градоначалници од ДУИ, тогаш тој не може да биде ист како нив. Тој не треба да се срами и да му биде непријатно тоа што Македонците во Тетово гласаа за него во првиот круг. Тој сега треба да им испорача на тие луѓе, затоа што тоа се негови поддржувачи. Политиката на етнички поделби се удри во ѕид и заврши неславно, но ако таа политика продолжи во нов формат, тогаш која е разликата? Ние ќе продолжиме да соработуваме во Влада, но само врз основа на принципи и на вредности. Не можете вие да одржувате митинзи и да зборувате дека треба во Тетово да победи Билал, за да не се врати ДУИ, а во исто време да кажете во Кичево ‘гласајте за ДУИ’. Тоа е непринципиелна политика.“ – нагласи Николоски.

 

 

Најнови вести од: Македонија

90 години од смртта на Леонхард Готхилф Мазинг, авторот на првата докторска теза за засебноста на македонскиот јазик

На денешен ден, 4 април 1936 година (пред 90 години) во Тарту, Естонија почина Леонхард Готхилф Мазинг, авторот на првата докторска теза за засебноста на македонскиот јазик

Третманот со ефикасна терапија и поголемиот буџет за Онкологија го продолжува животот на пациентите со рак

Се зголемува животниот век на пациентите со три вида рак – на дојка, на бели дробови и на кожа (меланом) за разлика од пред неколку години кога смртноста беше поголема, што се должи на поквалитетен третман, нови лекови и поголем буџет за лекување односно поголемо издвојување по пациент на Клиниката за радиотерапија и онкологија

(Видео): Мицкоски доцна ги прифаќа мерките на СДСМ – граѓаните ја платија цената, рече Филипче

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, на прес-конференција порача дека со денешната најава на премиерот Мицкоски за намалување на акцизата, владата призна дека СДСМ бил во право, но предоцна се реагира.

(Видео): Инфлацијата се движи помеѓу 4% и 5%, ребалансот на Буџетот ќе се носи еден месец порано, рече Мицкоски

Премиерот Христијан Мицкоски очекува инфлацијата во земјава да се движи меѓу 4 и 5 проценти, нагласувајќи дека владините мерки имаат за цел да спречат повторување на ценовниот шок од 2022 година.

(Видео): Образовен институт регистиран во обложувалница, работел со два душека и две столчиња, рече Јаневска

Станува збор за институции кои досега имале право да издаваат дипломи признати и во државата и во странство, што според Јаневска, отвора сериозни прашања за квалитетот и легитимноста на високото образование.

To top