Македонија

Николоски: Од 5-6 поголеми ЕУ-членки зависи дали ќе има проширување на Унијата

Доколку се врати апетитот за проширување, особено кај 5-6 поголеми земји членки на ЕУ, проблемот со Софија ќе се реши., вели вицепремиерот и министер за транспорт

Прашањето со Бугарија нема да биде една од главните пречки за евроинтеграцијата на Македонија, доколку се врати апетитот за проширување во 5 до 6 поголеми земји членки на Европската Унија, вели вицепремиерот и  министер за транспорт, Александар Николоски.

„ Мојата клучна теза зад која стојам е дека доколку се врати апетитот за проширување, особено кај 5-6 поголеми земји членки на ЕУ, проблемот со Софија ќе се реши.

Меѓутоа, сум многу прецизен: не велам апетит за проширување во Брисел, не велам апетит за проширување во Европската комисија или во институциите на Европската Унија, туку велам апетит за проширување во 5-6 поголеми и позначајни земји членки на ЕУ.

Доколку тој не се врати, ќе бидеме во оваа ситуација во која сме сега.

Но, наша работа е да ги спроведуваме реформите, да ја јакнеме државата економски и политички и да градиме модерна држава“ рече Николоски во гостување на ТВ Алфа.

Најнови вести од: Македонија

Кои средношколци ќе го освојат милионот? Започна натпреварот за најдобра бизнис-идеја

Средношколците од цела Македонија повторно имаат можност да освојат 1.000.000 денари за своја бизнис-идеја. Започна второто издание на натпреварот за најдобра бизнис-идеја на средношколци, во организација на Brainster Next College и NU High School Academy, а пријавувањето е отворено до 8 ноември на milioner.mk. Право на учество имаат сите средношколци од прва до четврта година, од државните и приватните средни училишта.

Македонската поетеса Кристина Краличин севкупна победничка на меѓународен поетски конкурс во Сараево, меѓу 177 пристигнати дела

Дијамантска повелба за песната „Dvoje ne moraju jedno postati“ на четвртиот Меѓународен фестивал на поезијата „Most pjesnika 2026“ во Босна и Херцеговина

To top