Македонија

Николоски: Од денеска од Охрид до Братислава, од 29 март до Милано

Развојот на авиосообраќајот претставува еден од врвните приоритети

Во објава на социјалните мрежи, вицепремиерот и министер за транспорт и врски, Алекsандар Николоски, најави две нови дестинации до кои ќе може авионски да патуваат македонските државјани .

Од денеска 17 Март, граѓаните директно можат да летаат од аеродромот Св. Апостол Павле во Охрид до Братислава. Веќе од 29 март воведуваме уште една линија од охридскиот аеродром директно до Милано, најави денеска

„Развојот на авиосообраќајот претставува еден од врвните приоритети на Владата и Министерството за транспорт. Преку конкретни политики и мерки, континуирано работиме на унапредување на цивилниот авиосообраќај, со што овозможивме значително проширување на мрежата на дестинации“, вели Николоски и  додава дека остануваат силно посветени на унапредување на авиосообраќајот и поврзување на Македонија со големите центри.

Најнови вести од: Македонија

Средба на Гаши со поранешните претседатели на Собранието

Претседателот на Собранието Африм Гаши денеска одржал средба со досегашните претседатели на законодавниот дом Тито Петковски, Трајко Вељаноски и Јован Митрески кои информирал за процесите на донесување на нов етички кодекс за пратениците и на дигитализација на целокупното работење на Собранието, што почна да се применува од 1 јануари оваа година. Укажал на значењето на дигитализацијата на видео записите од седниците на Собранието почнувајќи од првиот состав на Собранието по независноста на државата

To top