Македонија

Николоски: Првпат по шест децении се обновува инфраструктурата

Ова ќе остане запишано во историјата на Македонија

На увид сме на два значајни проекти. Првиот, кој се однесува на товарниот превоз, срцето на железничкиот сообраќај во Македонија, е од исклучително значење, имајќи ја предвид географската позиција на државата, изјави денеска вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски.

Николоски појасни дека со новата делница која почнува од Драчево и води директно кон Илинден, товарните возови повеќе нема да мораат да ја избегнуваат оваа траса или да минуваат низ центарот на градот преку новата железничка станица.

-На увид сме на два значани проекти. Првиот кој што се однесува на товарниот превоз, нешто што е срцето на железничкиот сообраќај во Македонија, имајќи ја во предвит географската локација на која што се наоѓа Македонија и важноста која што ја има државата. Со овој потег кој што почнува да се работи од Драчево ќе се оди дирекно Илинден, односно товарните возови нема веќе да има потреба или да ја одбегнуваат одбегнуваат оваа делница или да ја користат со мала брзина или најлошата варијанта да влегуваат и поминуваат низ центарот на градот односно преку новата железничка станица. На тој начин очекувам дека карго сообраќајот ќе се зголеми значително и многу, појасни вицепремиерот Николоски.

Вториот проект се однесува на идејата за градски воз, која за како што рече министерот, полека станува реалност. Имаме три траси: првата оди од Зелениково преку Драчево и Јане Сандански, помеѓу Кисела Вода и Аеродром, и веќе се работи. Наредната година ќе почне и реализацијата на останатите две, нагласи Николоски.

Николоски потсети дека железничката инфраструктура со која се соочиле при преземањето на функцијата е стара повеќе од половина век.

-Дрвените прагови што се заменуваат денес биле поставени меѓу 1963 и 1969 година и од тогаш не се сменети. Замислете во каква состојба ја наследивме државата, кога по толку години првпат се работи во 2024–2025 година, истакна Николоски.

Николоски му се заблагодари на претседателот на Владата за поддршката и порача дека инвестициите во инфраструктурата се историски чекор за Македонија.

Најнови вести од: Македонија

Дезинформациите ја загрозуваат иднината на македонското рударство

Геологот Ѓорѓи Димов, кој е и декан на Факултетот за природни и технички науки во Штип, изјави дека рударството и геологијата имаат огромно значење за економскиот развој на нашата држава, но и за нејзината иднина.

Андоновска: Во ИЈЗ се почитува Законот за јазици! – ДУИ не може да прифати дека нема повеќе „како до сега”!

Директорката на Институтот за јавно здравје, Марија Андоновска, реагира на обвинувањата од ДУИ дека во институцијата не се почитува Законот за употреба на јазиците.

(Фото): Центар трча: Успешно заврши првата ноќна трка низ Дебар Маало

Убава вест за сите со спортски дух. Со музика, навивање и одлична енергија, во саботата се одржа првото издание на CENTAR NIGHT RUN. Дебар Маало и улиците на Центар беа исполнети со тркачи и публика, кои создадоа нова спортска приказна во градот.

ЗНАМ: Во моментов не постои уставна и законска основа да се полага правосудниот испит на албански јазик

„ЗНАМ ја разбира нервозата и хистеријата кај одредени претставници на моноетнички политички партии предизвикани од јасниот и принципиелен став на ЗНАМ дека правосудниот испит треба да се полага на македонски јазик, во согласност со Уставот и законите на државата.“ – соопшти денес Движењето ЗНАМ.

To top