Македонија

Николоски: Силен развој на авиосообраќајот

Аеродромите стануваат регионални лидери, а во наредниот период се планирани дополнителни активности за унапредување на транспортната инфраструктура

Авиосообраќајот во Македонија бележи силен раст, со отворање на 22 нови линии кои ја поврзуваат земјата со Европа, објави министерот за транспорт, Александар Николоски.

Како што наведе, аеродромите стануваат регионални лидери, а во наредниот период се планирани дополнителни активности за унапредување на транспортната инфраструктура.

„Силно се развива авиосообраќајот во Македонија

Отворени се 22 нови рути кои ја поврзуваат Македонија со цела Европа.

Аеродромите во државата со се поголем број на патници стануваат лидери во регионот.

Продолжуваме во период кој следи со уште повеќе активности со цел зајакнување на авиосообраќајот“, вели  Николоски.

Најнови вести од: Македонија

Не сите во Софија се радикали, има и разумни луѓе кои се борат против бугарската хистерија за Македонија

За топ бугарски интелектуалец тврдењата на Софија за македонскиот јазик и нација како вештачки и настанати по 1945 година се „неубедливи, наивни и застарени“

To top