Македонија

Ноќеска кај Ростуше уапсен Охриѓанец кој испил 6 чаши ракија, вино или пиво

Тешко пијан тргнал на пат од 100 километри и направил сообраќајка

 

Ноќеска кај селото Ростуше во општина Маврово – Ростуше МВР уапсила Охриѓанец кој според пресметките за одредување на промили на алкохол во крвта преходно испил 6 ракии или пива по што направил сообраќајка.

 

На 8-ми август 2025 година, околу 23:30 часот во село Ростуше, полициски службеници од ОВР Гостивар лишиле од слобода 42-годишно лице од Охрид.

 

,,Тој со патничко моторно возило марка „Сузуки“ со охридски регистарски таблички предизвикал сообраќајна незгода, по што при преземање мерки и извршено алкотестирање било констатирано дека е под дјество на алкохол, односно му биле измерени 1,86 промили алкохол во крвта”, информираат од МВР.

 

Патот од Ростуше до Охрид е еден од најтешките за возење во Македонија и брзата реакција на МВР спречила голема трагедија.

 

Промил е едноставно мерка за концентрација на алкохол во крвта. 0,3 промили значат дека во 1 литар крв има 0,3 грама алкохол. За подобро појаснување: за просечна личност со тежина од 70 килограми, една чаша пиво од 0,5 литри (околу 5% алкохол) може да доведе до околу 0,3 промили во крвта. Значи, ако испиете едно пиво, многу е веројатно дека ќе бидете на границата од 0,3 промили.

 

Стандардна чаша вино (околу 12% алкохол) може да го зголеми нивото на алкохол во крвта за околу 0,3 промили кај личност од 70 кг. Тоа значи дека една чаша вино може да биде доволна за да се достигне дозволената граница.

 

 

Ако пиете ракија, виски или некое друго жестоко пијалок со 40% алкохол, околу 30 мл од тој пијалок може да доведе до приближно 0,3 промили кај личност од 70 кг.

 

Значи, 0,3 промили алкохол во крвта приближно одговараат на:

 

1 пиво (0,5 л)

1 чаша вино

30 мл ракија

 

Најчитани статии

 

Роден е во Тетово, учел во Македонија, лекува Папи и Кралеви, најде решение за светски проблем

Македонскиот доктор чија метода може да го спаси светот од една од најголемите здравствени закани за човештвото

/

Уште еден чуден Охриѓанец

 

Знае ли дека министерот кој најави дека сите ќе одговараат е охридски зет и ќе дознае за ,,финтата” која ги иритира граѓаните?

Ќе одговара ли охриѓанецот што мисли дека е најумен а кој прави прекршок?

Најнови вести од: Македонија

Дезинформациите ја загрозуваат иднината на македонското рударство

Геологот Ѓорѓи Димов, кој е и декан на Факултетот за природни и технички науки во Штип, изјави дека рударството и геологијата имаат огромно значење за економскиот развој на нашата држава, но и за нејзината иднина.

Андоновска: Во ИЈЗ се почитува Законот за јазици! – ДУИ не може да прифати дека нема повеќе „како до сега”!

Директорката на Институтот за јавно здравје, Марија Андоновска, реагира на обвинувањата од ДУИ дека во институцијата не се почитува Законот за употреба на јазиците.

(Фото): Центар трча: Успешно заврши првата ноќна трка низ Дебар Маало

Убава вест за сите со спортски дух. Со музика, навивање и одлична енергија, во саботата се одржа првото издание на CENTAR NIGHT RUN. Дебар Маало и улиците на Центар беа исполнети со тркачи и публика, кои создадоа нова спортска приказна во градот.

To top